fbpx
Таг: Владимир Панчевски

таг: Владимир Панчевски

Владимир Панчевски осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот

Поранешниот претседател на Кривичниот суд-Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, поради рачно доделување на предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес вечерва ја објави пресудата. Обвинителството го товареше Панчевски за распределба на рака на 40-тина предмети кај одредени...

Панчевски немал време да се подготви за одбрана и не го разбирал обвинението за АКМИС

Денеска во велешкиот суд продолжи судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд - Скопје, Владимир Панчевски, чие прво рочиште беше во петокот. Тој изјавил дека не можел да ја подготви одбраната затоа што немал доволно време во текот на викендот и повторил дека не го разбира обвинението. „Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку...

Почна судењето на Панчевски, тој не го разбира обвинението, а адвокатите бараат ослободување од притвор

Денеска во Основниот суд во Велес почна процесот против поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот, поточно му се суди за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Неговите адвокати најпрво рекоа дека нема услови за одржување на рочиште и побараа да му се укине притворот, бидејќи Панчевски сè...

Панчевски од денеска се наоѓа во затворот во Шутка

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, од денeска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје, Шутка. Тоа за МИА го потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ. Според него, Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако се утврдило дека нема никакви симптоми на ковид-19,...

МВР распиша потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски

МВР распиша национална потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски на кој му е одреден 30-дневен притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет и му се суди за кривичното дело "злоупотреба на службената положба и овластување". „Судот до Секторот за внатрешни работи во Велес достави наредба за приведување со решение за...

МВР се уште трага по поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски на кој му е одреден притвор

Министерство за внатрешни работи се уште не го пронашле поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кому, Основниот суд Велес му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Обвинетиот Пачевски и неговиот правен застапник, не се појавиле на вчерашното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во Основниот Велес. Основното јавно...

Доколку се прогласи за виновен, Панчевски може да добие од шест месеци до три години затвор

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, може да биде осуден на казна затвор од шест месеци до три години, доколку биде прогласен за виновен за злоупотреба на должноста и службеното овластување распределувајќи рачно судски предмети, односно, избегнување на употреба на АКМИС системот, пренесува „Порталб.мк“. Панчевски е обвинет од Обвинителството за злоупотреба на должноста и службеното овластување според член 353...

На Панчевски ќе му се суди во Велес за злоупотреба на АКМИС

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, на 21 октомври треба да седне на обвинителна клупа во Велешкиот суд, за злоупотреби со АКМИС системот, односно поради тоа што распределувал судски предмети рачно додека беше претседател на Основниот суд Скопје 1, пишува „Порталб.мк“. „Со одлука на Апелациониот суд во Скопје, Основниот суд Велес е определен за надлежен суд да постапува по...

Случај „Ештрефи“: Семејството бара Антикорупциска да го испита Владимир Панчевски

Семејството на Насер Ештрефи  до Комисијата за спречување на корупцијата поднесе барање за проверка на работата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски кој, според нив, случајот му го распределил на судијата Илија Трпков рачно, не согласно законска постапка, односно случајот не е распределен преку системот АКМИС, известува „Порталб.мк“. „Бараме од Вас да, во рамките на вашите надлежности,...

Поднесено обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС-от

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Тој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). Според соопштението од ОЈО Скопје во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот со негов параф и усно давал...

Панчевски на распит во обвинителтво, осомничен е за две кривични дела

Судијата Владимир Панчевски денеска е на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со АКМИС системот (електронски систем за распределба на предмети) во периодот кога беше претседател на Кривичниот суд во Скопје. Тој се товари за две кривични дела, за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во служба. Поканата за распит од обвинителството, Панчевски ја сподели...

„Паднаа“ кривичните пријави на Владимир Панчевски

Основното јавно обвинителство - Скопје соопшти дека ги отфрлила трите кривични пријави што против Специјалната обвинителка Катица Јанева, судијката Злата Попова од Основен суд Гевгелија и вработени во СЈО и МВР, односно вкупно 10 лица ги поднесе судијата во Основен суд Скопје 1, а поранешен претседател на судот, Владимир Панчевски. „Надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни...

Панчевски и Стаменковски на чекор до физички инцидент

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, тврди дека утрово бил нападнат на работното место во судот за прекршоци, каде е прераспореден по доаѓањето на Иван Џолев за претседател на Кривичниот суд. - Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел...

Панчевски поднесе кривична против Катица Јанева и претседателката на гевгелискиот суд

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски, поднесе кривична пријава против специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и против претседателката на Основниот суд во Гевгелија, Злата Попова. Панчевски во пријавата ги товари Јанева и Попова дека по претходен договор ги пречекориле своите службени овластувања и го прекршиле законот со издавањето и со спроведувањето на наредбата за претрес на...

ДЗЛП: Панчевски смеел да снима дома, но не смеел да ги објавува снимките

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски, не се огрешил спрема Законот за заштита на личните податоци со тоа што поставил камера и снимал во својот дом, но објавувањето на снимките во јавност е проблематично и повлекува одговорност, велат за „Мета“ од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП). Панчевски на почетокот на октомври оваа година, преку...

Панчевски: Судските предмети не сум ги распределувал рачно

Судијата Владимир Панчевски во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизија „Телма“, уште еднаш повтори дека како поранешниот претседател на Кривичниот суд не го злоупотребил автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС). Тој додаде и дека во врска со овој случај се работи за предистражна постапка за друго лице, а не за него. На новинарско прашање дали судските предмети ги распределувал...

Вангеловски ќе врши контроли во судовите за функционирањето на АКМИС

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, вчера бил во Основниот суд Гевгелија за да изврши контрола во функционирањето на автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судот, соопшти денеска Врховниот суд. Од судот велат дека по добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС, ќе бидат „донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана“. Вакви посети во...

Јанева: Затоа што снимал, Панчевски треба да биде предмет на психијатриска опсервација

Апсолутно не е одземен клуч од домот на Панчевски, а тоа што тој снимал нешто во својот стан, тоа веќе треба да биде предмет на друга психијатриска опсервација, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Многупати во такви ситуации кога нè напаѓале, сме мислеле дека е поважно да ја вршиме нашата работа и да ги оставиме таквите маргинални работи...

Панчевски: Со претресот на СЈО настапи целосен мрак за правдата во Македонија

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи. Панчевски, во интервју за „Алсат-М“, тврди дека не бил извршен претрес во простории во Кривичниот суд во Скопје, туку станувало...

Јанева не може да потврди дали материјалите земени од Панчевски водат до Иванов

Специјалното јавно обвинителство почнало со анализа на материјалите одземени при вчерашните претреси во канцелариите и во домовите на судијата Владимир Панчевски и на двајца информатичари вработени во судот, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Специјалната обвинителка рече дека запленетите материјали се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, но не открива повеќе детали за вчерашниот претрес во Основниот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...