fbpx
Таг: УБК

таг: УБК

Шекеринска: Органите да дадат одговор кој го информираше Мијалков и го овозможи неговото бегство?

Барање на политичка, но и кривична одговорност од поединци, кои придонеле и дозволиле да побегне поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, најави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа смета дека одговорноста треба да се бара и во извршната власт и кај правосудните органи и смета дека за најновиот скандал не смее да има...

Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад во Собранието. Тој посочи...

За Верушевски, нарачателот на прислушувањето e Никола Груевски, а не Сашо Мијалков

Зоран Верушевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, денеска рече дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај. Според Верушевски, Груевски поседувал и поседува голем број бомби и ги користел за да...

Кривична за четиримина од УБК, подигнале 824.000 евра „за посебни намени“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска соопшти дека ја завршило истрагата почната во март годинава и поднело обвинителен акт за четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Тројца од нив со обвинителниот акт се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, а еден за помагање во извршување на тоа кривично дело. Според...

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

По налогот од Владата од пред неколку дена сите државни институции во својата работа и во различните документи да почнат да го употребуваат новото име на земјава - Република Северна Македонија, од Илинденска број 2 стаса ново задолжение - да се изработат нови печати во склад со законот за употреба на јазиците. Како што објасни владиниот портпарол Муамет Хоџа, на...

УБК ќе се реформира и ќе се преименува во Агенција за национална безбедност

Владата на вчерашната седница го утврдила новиот текст на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, со кој ќе се овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање. Според новиот закон, УБК нема повеќе да биде дел од МВР, туку ќе се формира Агенција за национална безбедност. „Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија...

Влада: Сите помагачи за бегството на Груевски ќе бидат изведени пред правдата

По денешното соопштение од седум граѓански организации кои побараа политичка одговорност, односно оставки од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов, Владата порача дека сите вклучени во бегството на Никола Груевски од земјава ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Притоа...

Граѓански организации побараа оставки од Спасовски и директорите на УБК и АР за бегството на Груевски

Седум граѓански организации денеска побараа оставки да поднесат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов. Невладините порачуваат дека тие лица мора да понесат  политичка одговорност за бегството на Никола Груевски. „Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок...

Со најавената реформа Спасовски му препушта дел од ингеренциите на Николовски

Со најавената реформа на безбедносно-разунавачкиот систем во Македонија голем дел од надлежностите на министерот за внатрешни работи (во моментов  Оливер Спасовски ) преоѓаат во рацете на директорот на новоформираната Агенција за внатрешно разузнавање со чие основање ќе се укине постоењето на Управата за безбедност и контраразузнавање (сега директор е Горан Николовски). На Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија се...

Големата реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем ќе ги „поткачи“ и странците

Министерството за внатрешни работи (МВР) подготвува нови и менува повеќе постоечки закони во насока на реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем во Македонија. На Единствениот национален електронски регистар на прописи е објавена подготовка на повеќе прописи, а меѓу другите и на предлог за изменување на законот за странци со цел, како што се вели, усогласување со предложените закони во врска со...

Поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби 30 дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски по вечерашниот распит во Кривичниот суд. Атанасовски беше уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР. Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за случајот за упадот во Собранието на 27 април минатата година, од...

Иванов, „згрозен и злоупотребен“, негира сè и бара одговор од УБК зошто е прислушуван

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги негираше и наводите од службената белешка на УБК од објавеното решение за притвор за Кирил Божиновски, исто како и во случајот со Миле Јанакиески. Од кабинетот на претседателот велат дека се „згрозени“, дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Божиновски, ниту со негов посредник и негираат дека е остварена средба со посредник на Јанакиески. „На...

Иванов: Лага е дека се одржала средба со посредник на Јанакиески

Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по објавата на решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор за Јанакиески. „Миле Јанакиески телефонски побара средба...

Во Собрание презентирани модели за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги презентираше моделите за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем пред Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието. Појдовна точка за оваа реформа е Извештајот на експертската група на Прибе од 2015 година, каде беа дадени сериозни критики за злоупотребата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) преку системот за следење на комуникациите и преку...

Меѓуресорска работна група треба да предложи модел за реформа на УБК

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на 91. седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од формирање на Меѓуресорска работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно - разузнавачкиот систем во Македонија со план за негово воспоставување, информираат од Владата. „Министерот за внатрешни работи во рок од три дена од добивањето на номинациите е задолжен да...

Спасовски: Следниот период ќе се избере моделот по кој ќе се реформира УБК

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција најави дека во следниот период ќе се избере моделот, по кој ќе се одвива реформата на УБК. - На седница на Влада денеска ќе поднесам информација, со која ќе ги образложам причините за ваквата реформа. Предвидено е МВР да одржи повеќе консултации и дебати со релеванти чинители, по што ќе биде избран...

Со сведочење на Љубе Бошкоски, денеска продолжува судењето за „Тортура“

Судењето за предметот „Тортура“ на СЈО продолжува денеска со сведочење на оштетениот Љубе Бошкоски. Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Сашо Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања. Според...

Сашо Мијалков повеќе не користи полициско обезбедување

На поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК, Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување, јави МИА, повикувајќи се на МВР. Одлуката била донесена пред празникот, поради проценка дека повеќе не постојат безбедносни ризици. По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила од...

Мијалков на судењето за „Трезор“ се изјасни како невин

Поранешниот директор УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Трезор“ на СЈО на денешното рочиште во Кривичниот суд рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен. -Не сум виновен - рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски. Сите тројца рекоа дека разбрале за што се обвинети, но дека не...

МВР му даде отказ на Ален Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков

Ален Зекиров, поранешен телохранител на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков добил отказ од Министерството за внатрешни работи. Зекиров отказното решение го добил пред три дена од УБК, каде од 2015 година работи во одделот за антитероризам. Од МВР ја потврдија информацијата. „По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...