fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање на јавните површини и...

Град Скопје го подготвува проектот за воведување на систем за изнајмување велосипеди

Градските власти во моментов работат на подготовка на проектната документација за воведување на најавуваниот јавен систем за самоизнајмување на велосипеди во Скопје. Станува збор за поставување на пунктови на 30 локации низ главниот град, кои би биле опремени со терминал за самоизнајмување на велосипеди и 20 држачи за велосипеди. - Проектирањето на овој проект сѐ уште не е завршено и...

За првомајските празници нема да сообраќаат патничките возови

Foto: Borce Popovski
Патнички возови за време на првомајските празници ќе нема. Граѓаните кои планирале да отпатуваат на пикник за продолжениот викенд ќе треба да го откажат ваквиот план или да користат друго превозно средство за патување. Од Железници - Транспорт информираат дека в сабота (2 мај) и в недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. В петок (1 мај), ќе сообраќаат...

Корона вирусот во март го намали загадувањето на воздухот со ПМ-2,5, ПМ-10 честички и NO2

Месечните извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат намалено присуство на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во текот на март 2020 година, споредено со идентичниот месец лани. Големото намалување на фреквенцијата на возила во главниот град, заедно со забавеното работење на индустријата, доведе до тоа жителите на Скопје годинава...

Со настап на Eye Cue вечерва продолжуваат маалските концерти на отворено

Вечерва во 20 часот, кај Музејот на современа уметност, музичката група Eye Cue ќе одржи едночасовен настап од програмата „Култура во време на Корона'. Настапот ќе може да се следи на Фејсбук страницата и на Youtube каналот на Град Скопје. За наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски...

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и...

Од ЕБОР бараме 70 милиони евра за воведување на „трамвајот на тркала“ во Скопје

Македонската влада побарала 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти, при што банката...

Скопските градоначалници со поддршка за полицајците што го одржуваат полицискиот час (галерија)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во придружба на градоначалниците на скопските општини и заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови низ општините, а го посетија и СВР Скопје. При денешната обиколка, скопските градоначалници на сите службеници на МВР на пунктови, полициски станици и мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка...

Загубите на вода во скопскиот водоводен систем лани биле минимално намалени (инфографик)

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Скопје лани успеало само минимално да го намали годишниот процент на неприходувана вода. За една година, нефактурираната вода во скопскиот водоводен систем опаднала за само 0,55 отсто, и тоа од 62,93 отсто на 62,38 отсто. Генерално земено, екипите на ова јавно претпријатие успеале да ги намалат физичките губитоци на водата за пиење во...

Папучи како инсталација поставени на плоштад „Македонија“ (галерија)

Инсталација на папучи изработени во рамки на уметничката акција „Седете дома” е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Неколку автори работеа етапно и одвоено на инсталацијата, која е поставена за да им порачаат на граѓаните дека периодов треба да останат дома. - Уметничката акција „Седете дома“ е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето...

Ганиу: Калдрмата во скопската чаршија се санира со дозвола од сите надлежни институции (галерија)

Бурни реакции на јавноста откако на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии со градежни активности во Старата скопска чаршија. Граѓаните револтирани и загрижени упатија прашања до надлежните зошто е раскопана чаршијата во време на полициски час. - По не знам кој пат објаснувам дека станува збор за работа во рамки на проектот „Промоција на туризмот во Стара Скопска чаршија“...

За едно деноноќие собрани илјада тони комунален отпад од Град Скопје

Во текот на изминатите 24 часа екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје собраа и транспортираа речиси 1.000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на градот Скопје. Како што соопштија од претпријатието, контејнерите се празнеле во текот на цела ноќ. Минатата недела, отпадот се собираше само во една смена, но состојбата на терен покажала дека така не е...

Град Скопје со кризни мерки за културата, најавени се маалски концерти

Град Скопје ги претстави мерките со кои што излегува во пресрет на барањата на независната културна сцена. Со „Култура во време на Корона“ се предвидува пренамена на буџетските средства, одложување на неприоритетните капитални инвестиции во културата, загарантиран минимален хонорар за сите ангажирани уметници за време на кризата, како и адаптирање на културните програми на сите градски институции на новите...

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на Регулаторната комисија за енергетика...

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на...

Корона вирусот го преполови бројот на патници во скопскиот јавен превоз

Епидемијата на корона вирусот во земјава предизвика значајно намалување на бројот на патници во скопскиот јавен превоз. Деталните пресметки за изминатиов месец допрва ќе се прават, но првичните извештаи велат дека двојно е намален бројот на граѓани што ги користат градските автобуси во Скопје, покажуваат податоците на ЈСП - Скопје. - Генерално, бројот е намален двојно, па дури и повеќе....

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 - годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите кои би поаѓале од...

Филипче: Не правете домашни резерви, терапија има доволно и во болниците и во аптеките

Во последниве денови огромна е побарувачката на лекот „сумамед“. Не е добро некој сам да иницира лечење со овој лек, затоа апелирам до граѓаните дека лекови има доволно во аптеките и дека нема потреба да прават домашни аптеки, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција на која информираше за состојбата со ковид-19. - Сите лекови ги има во...

До 12 часот регистрирани 29 нови случаи на корона вирус, вкупно 114 заразени

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денес до 12 часот изнесува 114. Најголем дел од новорегистрираните случаи се во Скопје, вкупно 22. Во Штип се регистрирани 3 нови случаи, 2 во Дебар и по 1 во Куманово и Охрид. Според...

Скопје е новото жариште на Ковид -19 во Македонија

До 21 часот денеска се регистрирани уште 6 лица позитивни на корона вирусот, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи. Бројката на регистрирани заболени во Македонија сега е 76, со тоа што денеска беа регистрирани рекорден број на случаи од почетокот на заразата во земјава, вкупно 28. Со тоа бројот на регистрирани заболени во Скопје (40) го...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...