fbpx

Ганиу: Калдрмата во скопската чаршија се санира со дозвола од сите надлежни институции (галерија)

-

Бурни реакции на јавноста откако на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии со градежни активности во Старата скопска чаршија. Граѓаните револтирани и загрижени упатија прашања до надлежните зошто е раскопана чаршијата во време на полициски час.

– По не знам кој пат објаснувам дека станува збор за работа во рамки на проектот „Промоција на туризмот во Стара Скопска чаршија“ кој меѓу другото, опфаќа санирање на оштетениот камен. Нормално дека имаме добиено дозвола од сите надлежни институции, меѓу кои и од Управата за заштита на културно наследство, која исто така со нејзините работници врши надзор на целиот овој работен процес“ – изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Тој појасни дека потребата од имплементација на овој проект произлегува од оштетувањето на улиците во чаршијата од неколку фактори меѓу кои, атмосферските влијанија, движења на возила за пренесување на роба, неадекватни интервенции при работни процеси за враќање во поранешната состојба кои се вршеле со бетон и други материјали.

– Целта не е промена на автентичноста на инфраструктурата на чаршијaта, како што се стреми да се претстави во некои портали кои тенденциозно објавија информации, без да ја набљудуваат содржината на овој проект – изјави Ганиу.

Овој проект на санација и зачувување на автентичниот изглед на Старата чаршија, предвидува и поставување на камен со ист материјал со површина од 1800 метри квадратни, дозволен според извештајот на Лабораториската анализа за исполнување на условите. Меѓу другото, овој проект опфаќа и реставрација на 75 дуќани во чаршија.

Градоначалникот појасни дека каменот што се вади, ќе биде складиран во магацин, а нема да се продава ниту е продаден, како што се пишува во некои медиуми.

– Проектот е финансиран од страна на Светската банка со грант од околу 600 илјади евра. Истиот е започнат до 2019 година и во континуитет ја известувавме јавноста – додаде Ганиу.

За проектот информираше и министерот за економија Крешник Бектеши, уште во октомври минатата година.

– Проектот значи уредување и разубавување на скопската Чаршија која е еден од најзначајните историски споменици во Скопје, но и во државата, 9,7 милиони денари одвои Министерство за економија, додека пак Општина Чаир обезбеди уште 2 милиона денари – изјави тогаш министерот Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...