!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

„Лакталис“ повлекува храна за бебиња поради салмонела


Париз, 12 јануари, 2018 - 19:26 (META) 

Француската компанија „Лакталис“ ќе го повлече млекото за бебиња произведено во фабриката во градот Краон, откако десетици бебиња заболеа од бактеријата салмонела. Досега се утврдени 35 вакви случаи во Франција, едно во Шпанија, а има еден сомнителен случај и во Грција, но допрва треба да се утврди дали бебето се разболело од млекото на „Лакталис“ произведено во Краон.

Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер денеска информираше дека целото количество бебешка храна произведена во оваа фабрика во западна Франција кое е пуштено во продажба ќе биде повлечено.


АХВ: Во Македонија нема увезено пилешко месо со салмонела од Хрватска


Скопје, 16 април, 2017 - 16:05 (META) 

Во Република Македонија не се увезени преработки од месо од производителот „Перутнина“ од Птуј, со датум на производство и лот за кој хрватското Министерство за земјоделство вчеравечер наредило повлекување од пазарот во Република Хрватска поради утврдено присуство на бактеријата салмонела, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од агенцијата наведуваат контролата што ја извршиле дежурните инспекциски тимови е покажа дека преку Системот за брзо известување за храна и храна за животни на Европската унија (RASSF), не е добиена нотификација дека небезбедна пратка од овој тип е пласирана на македонскиот пазар.

Во соопштението се наведува дека нема нотификација ниту дека на македонскиот пазар се пласирани производите на земјоделското стопанство „Ореховец“ од Хрватска, чии производи поради присуство на салмонела исто така повлечени од хрватскиот пазар.