!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Битолчанец, кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов


Битола, 19 март, 2017 - 12:36 (META) 

Вчера во 12.35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Партизанска бил пронајден починат 68-годишниот М.Ј. од Битола, соопшти МВР.

Како што информираат од полицијата, М.Ј. на 12 март оваа година бил пријавен за исчезнат.

По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.


Битолчанецот што беше пријавен за изчезнат, пронајден жив и здрав


Битола, 7 ноември, 2016 - 14:16 (META) 

Битолчанецот, кој викедов беше пријавен за исчезнат, бил пронајден во атарот на селото Мусинци, во добра здравствена состојба, информираат од полицијата.

Дваесет и седумгодишниот И.В.,неколку часа откако пријавил дека неговиот татко изчезнал, повторно се јавил во СВР Битола и пријавил дека вчераутро, околу 7.30 часот, го пронашле во атарот на Мусинци.

Според информациите, битолчанецот бил во добра здравствена состојба, но се загубил поради густата магла.


Пронајдено тело на уште едно починато лице на падините на Бистра


Гостивар, 29 јули, 2016 - 18:25 (META) 

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во моментов врши увид на локација на падините на планината Бистра, во близина на селото Гари, каде што попладнево било пронајдено уште едно мртво тело, соопштија од Јавното обвинителство.

„Надлежниот обвинител веднаш издаде наредба за обдукција на пронајденото тело, која ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје“, стои во соопштението од обвинителството.

Инаку, машки труп во распаѓање беше пронајден и вчера на непристапен терен меѓу селата Лазарополе и Гари. Првичните сознанија, како што соопштија вчера од Обвинителството, упатуваат на тоа дека починатото лице е најверојатно еден од двајцата изчезнати – татко и син, по кои се трагаше во изминатиов период на падините на планината Бистра.

„Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство – Гостивар ги очекува резултатите од обдукцијата на првопронајдениот машки труп во распаѓање, а за кого првичните сознанија упатуваа дека е еден од двете исчезнати лица – татко и син. Реултатите од обдукцијата треба да го утврдат точниот идентитет, како и да ги расветлат причините за смртта на двете лица. По добивањето на официјалните резултати од Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста“, стои во денешното соопштение од Јавното обвинителство.


Скопјанец пронајден мртов во својот стан


Скопје, 26 ноември, 2015 - 14:11 (META) 

Педесет и деветгодишен скопјанец вчераутро бил пронајден мртов во својот стан на улицата Наум Чакаров, во населбата Ѓорче Петров.

Според полицијата, безживотното тело на Илија Ц. вчера, околу 10 часот, го пронашла неговата сосетка М.Т. (46), која имала клуч од неговиот стан.

Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина и криминалистика, за обдукција.


Пронајден женски леш во гостиварско Чегране


Гостивар, 3 август, 2015 - 13:50 (META) 

Женски леш вчера попладне, околу 15.25 часот, бил пронајден на брегот на реката Вардар, во гостиварското село Чегране, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, со интервенција на екипа на гостиварската територијална противпожарна едница, телото било извадено од реката, а од семејството на починатата било извршено препознавање.

Констатирано е дека станува збор за Марија Ј. (71) од Гостивар.

Од полицијата додаваат дека по наредба на јавен обвинител, на телото на почината ќе се врши обдукција во Медицинскиот центар во Гостивар.


Пронајдено лицето од Косово што исчезна во Струга


Охрид, 24 мај, 2015 - 14:34 (META) 

Косовецот од Приштина А.Б. (30), кого неговиот татко И.Б. (65) вчера го пријавил за исчезнат во полициската станица во Струга, принаден е рано утринава во Охрид.

– По добиениот детален опис, работејќи на реализација на пријавениот настан, полициските службеници, вчера во раните утрински часови го забележаа А.Б. на кеј Македонија во близина на пристаништето во Охрид. Со него беше извршен разговор во инспекторатот за странци во СВР од Охрид, каде е констатирано дека А.Б. има остварено легален влез во Република Македонија, по што истиот е предаден на неговиот татко – соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.