fbpx
Таг: потрошувачка

таг: потрошувачка

Домаќинствата во јануари потрошиле 14 отсто помалку струја од лани

За 14 отсто домаќинствата ја намалиле вкупната потрошувачка на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците од Електродистрибуција со кои располага Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Според информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата минатиот месец изнесувала над 349 гигаватчасови, додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на струја - 408 гигаватчасови. Претседателот на РКЕВУ, Марко Бислимоски, вели дека...

Расте побарувачката за огревно дрво, интерес има и кај оние што се греат на струја

Побарувачката на огревно дрво годинава е зголемена, но сепак во најголем процент потребите на консументите се задоволени. Ова е одговорот што го доби Мета.мк од ЈП „Национални шуми“ на нашето прашање за тоа колкав е интересот на македонските граѓани за огревно дрво пред претстојната грејна сезона. Согласно Програмата за работа на ЈП „Национални шуми“ за 2022 година, годинава ќе...

Порталб: Во состојба на енергетска криза, се краде струја за копање криптовалути [инфографик]

Додека Северна Македонија, како и остатокот од светот, се соочува со енергетска криза, односно е во кризна состојба со снабдување на електрична енергија, во земјата незаконски со кражба на струја се копаат криптовалути. Несовесни граѓани, незаконски приклучуваат машини за копање криптовалути кои трошат многу струја и со тоа ја влошуваат кризната ситуација со снабдувањето електрична енергија. Според статистичките податоци што...

Анализа на „Порталб.мк“: Граѓаните се „вратија“ на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7 проценти

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво. Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8 проценти, а кредитите се со раст од 5,1 проценти, пишува „Порталб.мк“. Интересно е дека „јазот“ помеѓу депозитите и кредитите се зголеми за повеќе од една милијарда...

Минатата година забележан историски пад во потрошувачката на фосилни горива во САД

Американците минатата 2020 година потрошиле најмалку фосилни горива во последните неколку децении, покажуваат податоците на Американската управа за енергетски информации. Потрошувачката на нафта, природен гас и јаглен била намалена за 9 проценти во споредба со претходната 2019 година, што претставува најголемо годишно намалување откако управата почнала да собира вакви информации во 1949 година. За поголемиот дел од падот на потрошувачката...

Потрошувачката на гас во државата лани била зголемена за 12,5 отсто

Марко Бислимовски фото: РКЕ
За 12,5 отсто е зголемена вкупната потрошувачка на природен гас минатата година, во споредба со 2019 година. Вкупно 471 потрошувачи, од кои 340 се домаќинства, потрошиле над 338 милиони нормални метри кубни гас. Во 2020 година има 53 нови приклучоци од категоријата домаќинства, во споредба со 2019, кога се регистрирани само 14 нови приклучоци, покажуваат анализите на Регулаторната комисија...

Трошиме малку гас и затоа скапо го плаќаме

Пазарот на природен гас во државава беше и остана недоволно развиен со мала потрошувачка и мал број на активни трговци и снабдувачи. Тоа е така, иако е целосно либерализиран уште од 2015 година, што значи цените се формираат слободно на пазарот од страна на учесниците. Според Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), во 2019 година има 4 субјекти кои увезуваат...

Македонски парадокс: Се расфрламе со струја, по загадување сме први, а последни по енергетска ефикасност (инфографик)

Терминот „енергетска ефикасност“ во Македонија е несериозно сфатен, како од властите и инвеститорите, така и од самите граѓани. Земјава е на самото дно во Европа по спроведувањето на мерки за намалување на потрошувачката на енергија, чиј износ е најзагрижувачки во делот на загревањето на домовите во зимскиот период. Како последица на ова, македонските градови редовно се наоѓаат на светскиот...

БДП со пораст од 3,6 проценти во третиот квартал

Стапката на раст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4,6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 65,6 проценти. Во истиот период, извозот на...

Индустриското производство во првите осум месеци се зголемило за 5,5 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите осум месеци се зголемило за 5,5 проценти во однос на лани,  а во август за 9,8 проценти за разлика од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи опаѓање од 1,4 проценти, во...

Во првите шест месеци пораст на индустриското производство, во јуни пад во однос на истиот месец лани

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи намалување од 2,7 отсто, а вкупно за периодот јануари-јуни годинава има раст од 4,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2019 година, во однос на јуни лани, бележи пораст од 5,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија...

Индустриското производство со пораст од 7,9 отсто во првите четири месеци во однос на лани

Индустриското производство во првите четири месеци од годинава е со пораст од 7,9 проценти во споредба со истиот период од 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Во април, порастот е 5,5 проценти во однос на истиот месец лани. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 3,5...

Светска банка предвидува економски пораст од 2,5 проценти за годинава

Светска банка предвидува економски пораст од 2,5 проценти на Македонија за оваа година, 2,9 за следната и 3,2 проценти за 2020 година беше кажано денеска на презентацијата на редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. Од Светска банка оценуваат дека економијата во 2018 година закрепнува како резултат на порастот на приватната потрошувачка и повратот на...

СКМ бара намалување на акцизата на пивото за еден денар

Акцизата на пивото да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен и наместо 32,5 да изнесува 24,4 евра, бара Стопанската комора на Македонија. Од таму оценуваат дека производството и продажбата на пиво изминатите десет години бележи негативен тренд, а најголеми причини за тоа се токму зголемената акциза од 2013 година, воведувањето на лиценците за продажба на...

Намалени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни се пониски за 0,3 проценти на месечно ниво, а за 0,8 проценти на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика. Во јуни 2018, во споредба со мај годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите eнергија за 0,6 проценти, капитални производи...

„Фајненс тинк“: Потребни се мерки за поттикнување на инвестициите и извозот

Економскиот пораст од само 0,1 процент во првиот квартал од годинава се должи на тоа што лани економијата во целост била ставена во заден план, сметаат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. Оттаму посочуваат дека, на позитивната страна, извозот продолжува да расте со слично темпо како и претходно, главно воден од активностите во економските зони, додека на негативната страна,...

Мицкоски: Македонија е на дното во Европа по економскиот пораст

Денеска Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање. Тој додава дека со пораст на домашниот бруто-производ од 0,1 отсто „убедливо сме на дното“. „Притоа, од приходна страна, пад од цели 37 отсто забележува градежниот сектор, што всушност и ја отсликува не-работата на Владата. Немањето на сопствени проекти и...

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално се...

Домашното бруто-производство на струја учествува со 79,6 проценти во потрошувачката

Во август годинава, потрошени се 564.426 мегават-часови електрична енергија, 22.137 милиони кубни метри природен гас, 422.280 тони јаглен и 100.127 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 79,6 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 95,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на БДП од 2,8 на 1,5 проценти

Најновата октомвриска проекција на Светска банка за порастот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти, што значи намалување од априлската прогноза која изнесуваше 2,8 проценти на пораст на домашниот-бруто производ (БДП). Најголемо влијание на оваа прогноза имала имала политичката нестабилност во првата половина од годината, пиишува во извештајот на Светска банка. Главен двигател на порастот се очекува да биде...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...