Потрошувачката на гас во државата лани била зголемена за 12,5 отсто

-

За 12,5 отсто е зголемена вкупната потрошувачка на природен гас минатата година, во споредба со 2019 година. Вкупно 471 потрошувачи, од кои 340 се домаќинства, потрошиле над 338 милиони нормални метри кубни гас. Во 2020 година има 53 нови приклучоци од категоријата домаќинства, во споредба со 2019, кога се регистрирани само 14 нови приклучоци, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Како што посочи на прес-конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, гасната електрана-топлана Те-То АД Скопје останува доминантен потрошувач на природен гас со околу 68 отсто од вкупната годишна потрошувачка на државно ниво. Втор на листата по потрошени нормални метри кубни е „Производство на топлина Балкан Енерџи“ Дооел, по што следуваат „Макстил“ и ЕСМ „Подружница Енергетика“.

„Од година во година расте потрошувачката на природниот гас, што е показател дека гасот е економски најдобар енергенс, но и еколошки најдобар. Нетипични се бројките во енергетскиот сектор во годината на пандемијата со ковид-19, кога станува збор за  оваа потрошувачка. Податоците покажуваат зголемена потрошувачка на природен гас кај општата индустрија и тоа за 43 отсто, од друга страна пак, за скоро 11 отсто е намалена потрошувачката кај металната индустрија, помала потрошувачка лани има и кај технолошко индустриско развојните зони и тоа за 16 отсто. Зголемено трошење има кај болниците, приближно за 8 отсто, а исто така зголемување има и кај производството на термоелектраните, додека стабилна останува потрошувачката кај јавните институции и прехрамбената индустрија“, рече Бислимовски.

Тој објасни и дека ЈП „Струмица гас“, преку својот т.н виртуелен систем, лани дистрибуирало над 709.100 nm3 гас, што е за 5 отсто повеќе од 2019 година. Раст со помал интензитет има и кај ЈП „Куманово гас“, кое минатата година регистрира испорачани скоро 541.000 нормални метри кубни гас.

Инаку, од јануари годинава, во сила е одлуката на РКЕ, со која е намалена тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 отсто.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...