fbpx
Таг: паметенЧасовник

таг: паметенЧасовник

Часовникот на „Епл“ постави нов рекорд

Гигантот „Епл“ успеа да продаде повеќе паметни часовници во еден ден отколку што „Гугл“ успеал да продаде паметни часовници „андроид веар“ за цела година, пишува „Бизнис инсајдер“. Сите продавачи што го користат оперативниот систем на паметните часовници на „Гугл“ минатата година продале 720.000 примероци, додека „Епл“ во првиот ден продал 957.000 часовници.

„Епл“ откри детали за „паметниот“ часовник

Компанијата „Епл“ за три недели треба да го лансира новиот „паметен“ часовник, а сега го објави и упатството за негово користење. Засега се објавени само четири детали од упатството, а до лансирањето ќе бидат објавени уште седум за корисниците подобро да се запознаат со „паметниот“ часовник. Повеќе детали на официјалната страница.

„Ел-Џи“ го претстави паметниот часовник „урбан“

Компанијата „Ел-џи“ го претстави својот паметен часовник „воч урбан“, а уредот ќе има претставување и на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. „Ел-џи воч урбан“ е подобрена верзија на паметниот часовник „џи воч ер“. Благодарение на тесните рамки на екранот, куќиштето од нерѓосувачки челик со исполирана сребрена или златна завршница, како и на опшиената кожена лента, „урбан“ изгледа поелегантно од својот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...