fbpx
Таг: Општина Центар

таг: Општина Центар

Во Кривичен нови рочишта за „Насилство во центар“ и „Тендери“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“ и „Тендери“. На минатото рочиште за предметот „Насилство во Центар“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица, беа сослушани тројца поранешни советници...

Демонстрантите ги спуштаа панталоните и ги покажуваа гениталиите, сведочи советничка за „Шамарите“

На денешното рочиште за судењето за предметот на СЈО, „Шамарите“ во Општина Центар, сведочи Цветанка Симоновска, поранешна советничка на коалицијата предводена од СДСМ во Општина Центар. Таа се присетуваше на 7 и 10 јуни, деновите кога имаше немири во и пред општина Центар. - Координацијата доаѓаше од внатре. На секое отворање уста на Шиповиќ, Даниела Рангелова и Томислав Лазаревски ги земаа...

Судењето за „Шамарите во Центар“ презакажано за 1 јуни, одбраната бара изземање на судија

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, не бил во можност за време на паузата да одлучи за барањето за изземање на судијата Душан Јосифов, па судењето за предметот на СЈО „Шамарите во Центар“ е одложено и ќе продолжи во јуни. Поради зафатеноста на адвокатите, судијата Душан Јосифов, закажа две рочишта за 1 и 6 јуни, кога ќе се...

Град Скопје и Општина Чаир ќе ги отстрануваат дивите тезги на Бит-пазар

До 5 април сите диви тезги на тротоарите околу Бит-пазар треба да бидат отстранети. Град Скопје и Општина Чаир им дадоа рок на дивите продавачи сами да ги тргнат картонски кутии, во спротивно тоа ќе го сторат надлежните институции. Акцијата Град Скопје и Општина Чаир ја спроведуваат за да се ослободат тротоарите за пешаците кои сега се блокирани од сите страни...

Груевски: Заев ми се одмаздува за 11 години порази

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во изјава пред Кривичниот суд каде што за следната година беше одложено судењето за насилството во Општина Центар, рече дека предметите на СЈО се без докази и дека со тоа Заев му се одмаздува за 11 години порази. - Ништо ново во однос на овие предмети кои Власта и СЈО ги туркаат. Ова е...

Судењето за „Шамари“ одложено за следната година, судијката Михајлова прераспределена

Поради прераспределувањето на судијката Татјана Михајлова, судењето за случајот нсилство во Општина Центар во јуни 2013 година покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска беше одложено во Основен суд Скопје 1. Миихајлова е прераспределена во друг оддел на судот, според новиот годишен распоред на судиите, што го подготви новиот претседател на Кривичичниот суд, Иван Џолев. Во случајот „Шамари“ обвинети се 14...

Општина Центар: Обезбедени 12 прочистувачи на воздух за градинката „Кочо Рацин“

Општина Центар, на денешната вонредна седница, донесе одлука за прифаќање на донацијата на прочистувачи на воздух за градинката „Кочо Рацин“, шест за објектот „Бели Мугри“ и шест за објектот „Наум Наумовски - Борче“, информираат од таму. - Оваа донација од Ротари клубот Скопје „Камен Мост“ е повеќе од добредојдена, бидејќи со ова значително ќе се подобри квалитетот на воздухот и...

Богдановиќ повика граѓаните да пријавуваат обиди за труење животни

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ги повика граѓаните граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 на Емилија Поповска и 075 437068 на Јулија Малахова. Граѓаните треба да пријават и напуштени домашни миленичиња. Богдановиќ побарал од командирот на Полициската станица Центар да се зајакнат полициските контроли за да се...

Груевски на судењето за „Шамари“ го снимаа две рачни камери без тон

Денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013, случај во јавноста познат како „Шамари“, во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште десетина други лица, се снимаше со две рачни камери, откако вчера и денеска адвокатите на одбраната побараа и добија одложување на рочиштата за случаите „Траекторија“ и „Тотал“, бидејќи немаше услови за...

Судот утре ќе донесе пресуда за Ристевски, кој ја призна вината во „Шамари“

Судијката Татијана Михајлова за утре го закажа објавувањето на пресудата на Јордан Ристевски, кој на денешното рочиште се изјасни за виновен во случајот „Шамари“ на СЈО, за насилството во Општина Центар во јуни 2013 година. На одвоеното судење, тој рече дека доброволно ја признава вината и дека никој не му вршел притисок ниту му се заканувал за да го признае делото,...

Уште еден обвинет од „Шамари“ ја призна вината, Фетаи го искара Груевски

На денешното судењето за случајот на СЈО за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во јавноста познат како „Шамари“, Јордан Ристевски, еден од обвинетите, ја призна вината за случувањата. Тој рече дека размислувајќи за тоа за што е обвинет, сфатил дека се чувствувал виновен и дека се кае. Неговиот адвокат Боро Тасевски му го откажа полномошното бидејќи, како што...

Лазаров: Вината ја признав доброволно, без никој да ми врши притисок

Томислав Лазаров, во постапката што беше одвоена откако тој ја призна вината за неговото учество во насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, пред Судот рече дека вината ја признал доброволно и свесно и без некој да му врши притисок, било од полицијата било од СЈО или некој друг. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, во завршните зборови рече дека е...

Груевски не го коментира признавањето на вина на Лазаров за „Шамари“

Судијката Татијана Михајлова на предлог на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја раздвои постапката за Томислав Лазаров откако тој ја призна вината во случајот „Шамари“ за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година и сега судот треба да оформи нов предмет за него. За другите обвинети, кои се изјаснија како невини (Груевски, Јанакиески и Рангелова), Михајлова ги одреди датумите...

Груевски, Јанакиески и Рангелова се изјаснија како невини за „Шамари“

Поранешниот премиер, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката Даниела Рангелова на главната расправа за судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, се изјаснија дека се чувствуваат невини. Поранешниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, обвинет во случајот, на денешното рочиште ја призна вината за кривичното дело насилство. - Се чувствувам...

Поради дефект, центарот на Скопје утрово без парно

Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата „Исток“ што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење, соопштија од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Екипите на одделот за дистрибуција со топлина на БЕГ се на терен и забрзано работат на саниција на дефектот, велат од компанијата. Според проценките, се очекува...

Јана Белчева-Андреевска е новата претседателка на Советот на Оштина Центар

Советот на Општина Центар со 15 гласа „за“ од СДСМ и со 6 „воздржани“ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја избра Јана Белчева-Андреевска да биде нова претседателка на Советот. Белчева-Андреевска беше носителка на советничката листа на СДСМ, како независен кандидат и претставник на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. „Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да...

СДСМ прогласи победа во скопски Центар и во Аеродром, во Велес и во Битола

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Аце Коцевски, прогласи победа на локалните избори, а според партиски извори, извесна е победата на СДСМ и во Битола, Берово, скопската општина Бутел, Валандово, Гевгелија, Делчево и во уште неколку помали општини. Победа во првиот круг прогласи и Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на СДСМ во скопската општина Центар, кој рече дека ваквиот...

Груевски: Овие избори ќе бидат порака од народот за насилството на власта

На 15 октомври гласањето нема да биде само гласање за градоначалници и за советници, ќе биде порака од народот за овие четири и пол месеци владеење и злоупотреби, ќе биде порака и за секојдневните политички хајки и прогони, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на партискиот митинг во општина Центар. - На овие избори претходеа едни други избори во декември,...

Саша Богдановиќ е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар

Саша Богдановиќ, директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи - Општина Центар“, ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар, потврди лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот со лидерите на 21 партија за предизборна коалиција. Заев ја потврди кандидатурата на Богдановиќ откако актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, се повлече од...

Жерновски: Се повлекувам и давам целосна поддршка на СДСМ во битката за Центар

„Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка што ни претстои“, напиша на „Фејсбук“ актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, откако премиерот Заев објави дека СДСМ ќе има свој кандидат на локалните избори. „Во договор со премиерот Заев, одлучив...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...