fbpx

Град Скопје и Општина Чаир ќе ги отстрануваат дивите тезги на Бит-пазар

-

До 5 април сите диви тезги на тротоарите околу Бит-пазар треба да бидат отстранети. Град Скопје и Општина Чаир им дадоа рок на дивите продавачи сами да ги тргнат картонски кутии, во спротивно тоа ќе го сторат надлежните институции.

Акцијата Град Скопје и Општина Чаир ја спроведуваат за да се ослободат тротоарите за пешаците кои сега се блокирани од сите страни од диви продавачи.

– Имаме разбирање за трговците кои работат на овие нелегално поставени тезги, вложуваат многу труд за да заработат за основните средства за живот. Затоа, во соработка со Скопски пазар обезбедивме на овие луѓе да им бидат понудени на користење тезги во рамките на пазарот под поволни услови. Овие лица треба да склучат договор најдоцна до 5 април. Сите оние што нема да го сторат тоа и ќе продолжат да продаваат на улица или на тротоар ќе бидат казнети во согласност со Законот од надлежните инспекциски органи. Овој чекор се презема со цел да се вратат купувачите во чаршијата и на пазарот и да се овозможи полесна пристапност до тезгите и дуќаните. Воведувањето ред на ова место значи и поголема безбедност и пофункционален град – рече Ваљон Салиху портпарол на Град Скопје.

Град Скопје и Општина Чаир по расчистување на просторот од дивите тезги, најавија дислокација на такси станицата, уредување на зелени површини, нови дрвореди и поставување на заштитни столпчиња на тротоарите од двете страни на булеварот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...