!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Ангус Дитон ја доби Нобеловата награда за економија


Стокхлом, 12 октомври, 2015 - 16:47 (META) 

Ангус Дитон, професор на Универзитот „Принстон“, ја доби годинешната Нобелова награда за економија за неговата анализа на потрошувачката, сиромаштијата и на социјалната помош, соопшти Нобеловиот комитет.

Дитон, кој има американско-британско државјанство, е роден во 1945 година во Единбург, Шкотска. Тој работи на Универзитетот „Принстон“ од почетокот на 1980-тите.

Комитетот соопшти дека Дитон победил поради поставувањето на трите клучни прашања: Како потрошувачите ги распределуваат нивните трошоци меѓу различни производи? Колку од општествениот приход се троши и колку може да биде заштеден? Како да направиме најдобра мерка и анализа на благосостојбата и на сиромашијата?

Со објавување на добитникот на оваа награда, заврши претставувањето на добитниците на Нобелова награда за оваа година. Наградите ќе бидат доделени на церемонии во Стокхолм и во Осло што ќе се одржат на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот на наградите, Алфред Нобел, кој починал во 1896 година.


Квртетот за дијалог во Тунис ја доби Нобеловата награда за мир


Осло, 9 октомври, 2015 - 11:55 (META) 

Нобеловата награда за мир е доделана на Националниот квартет за дијалог во Тунис, за придонес во револуцијата во таа земја во 2011 година и во градењето на демократијата.

Револуцијата што ја покрена Арапската пролет, позната и како „јасмин-револуција“, настана врз основа на договорот на четирите организации – Лига за човекови права, Редот на адвокатите, Здружението на работниците и Обединетите синдикати.

Квартетот доби Нобелова награда за „одлучниот придонес во изградбата на плуралистичката демократија во Тунис, по јасмин-револуцијата во 2011 година.


Светлана Алексиевич е добитничка на Нобеловата награда за книжевност


Стокхолм, 8 октомври, 2015 - 13:58 (META) 

Добитничката на годинешната награда за книжевност е белоруската писателка Светлана Алексиевич, за нејзината книга „Споменик на храброста и страдањата на нашето време“, соопшти Шведската академија. За оваа награда, таа добива 938.000 евра.

Светлана Алексиевич е прозна писателка и новинарка. Таа е родена во Украина во 1948 година, а пораснала во Белорусија.

Во книгата „Војната нема женско лице“ пишувала за судбините на жените кои биле во советската војска во текот на Втората светска војна. Книгата ја завршила во 1983 година, а одобрување од советските цензори добила две години подоцна, во зората на перестројката.

Нејзината книга „Гласовите од Чернобил“ се базира на стотици интервјуа спроведени на советските трупи во Авганистан и на жртвите од нуклеарната катастрофа во Чернобил.


Тројца хемичари ја делат Нобеловата награда


Осло, 7 октомври, 2015 - 13:05 (META) 

Годинешната Нобелова награда за хемија ја делат Швеѓанецот Томас Линдхал, Американецот Пол Модрич и Турчинот Азиз Санчар, за, како што е наведено во образложението, механичката студија за обнова на ДНК.

„Нивниот труд обезбеди фундаментално откритие за тоа како живите клетки функционираат и тоа како пример е искористено кај новиот третман во лечењето рак“, соопшти Кралската шведска академија на науките.

Тројцата угледни хемичари ќе ја поделат и паричната награда од околу милион долари.

Нобеловата награда за хемија е третото годинешно признание.


Нобелова награда за физика за истражувањата на неутриното


Осло, 6 октомври, 2015 - 15:14 (META) 

Нобеловата награда за физика во 2015 година им е доделена на Такаки Каџита од Јапонија и на Артур Б. Мекдоналд од Канада за нивниот придонес во експериментите што покажале дека честичката неутрино има маса и може да осцилира, соопшти Шведската кралска академија на науките.

„Оваа метаморфоза бара неутрините да имаат маса. Ова откритие го промени сфаќањето за внатрешното функционирање на материите и може де биде клучно за нашето сфаќање за вселената“, се наведува во објаснувањето на одлуката.
Каџита го презентираше откритието дека неутрините од атмосферата го менуваат идентитетот на пат до детекторот во Јапонија.

Мекдоналд со својата истражувачка група во Канада покажа дека неутрините од Сонцето не исчезнуваат на пат кон Земјата, туку на нашата планета стигнуваат со променет идентитет.

Академијата наведува дека со овој експеримент е решена повеќедецениската загатка во врска со неутрините, бидејќи научниците не мислеле дека можат да утврдат зошто на Земјата ѝ недостигаат две третини од неутрините што доаѓаат од Сонцето.

Двајцата добитници ќе го поделат паричниот дел од наградата од 960.000 долари.


Тројца добитници на Нобеловата награда за медицина


Осло, 5 октомври, 2015 - 12:45 (META) 

Нобеловата награда за медицина доделена им е на Вилијам Кемпбел од Ирска и на Сатоши Омура од Јапонија за нивната нова терапија за инфекции предизвикани од паразитски глисти, како и на Јоујоу Ту од Јапонија за нејзината терапија против маларија.

Сезоната на објавување на годинешните Нобелови награди почна денеска во Осло, со прогласувањето на добитниците на наградите за медицина, а следната награда ќе биде за физика и ќе биде објавена утре, додека в среда ќе биде соопштено името на добитникот на Нобеловата награда за хемија.

Нобеловата награда за книжевност ќе биде прогласена в четврток, за мир ќе биде соопштена в петок, додека за економија ќе биде објавена следниот понеделник.


Меркел, фаворит за Нобелова награда за мир


Берлин, 2 октомври, 2015 - 15:47 (META) 

Германската канцеларка Ангела Меркел е еден од фаворитите за добитник на Нобелова награда за мир, чие име ќе биде соопштено следната недела, јавуваат германските медиуми.

Првите добитници на Нобелова награда за медицина, физика и за хемија ќе бидат соопштени на почетокот од следната недела, но традиционално секогаш се шпекулира за добитниците на наградите за книжевност и за мир, кои последни се соопштуваат.

Германскиот весник „Билд“ е уверен дека Нобеловата награда за мир ќе ја освои Меркел, а како причина за тоа го наведува нејзиното учество во постигнувањето мировен договор во Источна Украина, како и нејзиното залагање за бегалците.

Годинава, предложени се 276 лица за Нобелова награда за мир. Институтот „Алфред Нобел“ никогаш не ги открива имињата од списокот.


Папата Франциск нема да се сретне со далај лама во Рим


Ватикан, 11 декември, 2014 - 18:49 (META) 

Папата Франциск нема да се сретне со далај лама за време на посетата на тибетанскиот духовен водач на Рим, престојниот викенд, соопштил денеска портпаролот на Ватикан, пренесуваат медиумите.

Далај лама утре ќе допатува во тридневна посета на италијанската престолнина, каде што ќе присуствува на состанокот со другите добитници на Нобеловата награда за мир.

Неименувани извори за медиумите коментираат дека Ватикан ваквата одлука ја донел за да не ја налути Кина и да не ги загрози своите напори за градење подобри односи со Пекинг, како и за да не предизвика одмазда против малата католичка заедница во Кина.

Средбата на нобеловците првично требаше да се одржи во Јужна Африка, но владата во Преторија, која настојува да ги подбори односите со Кина, одби да му издаде виза на тибетанскиот духовен водач.

Портпаролот на Ватикан денеска рекол дека папата Франциск исклучително го почитува далај лама, но нема да се сретне со ниту еден од лауреатите на Нобеловата награда и додал дека врховниот поглавар на Католичката црква ќе упати видеопорака која ќе биде емитувана во текот на конференцијата на нобеловците.


Малала Јусуфзаи и Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир


Осло, 10 декември, 2014 - 16:16 (META) 

Пакистанското девојче Малала Јусуфзаи, која талибанците ја ранија затоа што не сакала да го напушти училиштето, и индискиот активист Каилаш Сатјарти денеска ja примија Нобеловата награда за мир на церемонија во Осло.

Признанието им е врачено за време на дводневната манифестација, на која им се одаде почит за нивното залагање за правата на децата.

Малала стана најмладиот лауреат откако по ранувањето в глава тргна во глобална кампања. Одредени групи во Пакистан ја обвинија дека е марионета на Западот и оти ги урива начелата на конзервативниот ислам.

– Ја раскажував својата приказна, не затоа што е единствена, туку затоа што не е. Тоа е приказна на многу девојчиња – рече Малала, примајќи ја наградата.

Сатјарти, кој се смета заслужен за спасување на околу 80.000 деца од ропство, понекогаш и насилни конфронтации, не се истакнуваше во Осло, па дури и призна дека Малала го засенила.

– Изгубив двајца свои колеги. Носењето на телата на колегите кои се бореа за заштита на деца, е нешто што никогаш нема да го заборавам, дури и кога седам и ја примам Нобеловата награда за мир – рече индискиот активист.