понеделник, 17 август, 2026
Meta.mk

Ознака: НобеловаНаграда | 9 резултати

Нобелова награда за физика за истражувањата на неутриното

октомври 6, 2015

Нобеловата награда за физика во 2015 година им е доделена на Такаки Каџита од Јапонија и на Артур Б. Мекдоналд од Канада за нивниот придонес во експериментите што покажале дека честичката неутрино има маса и може да осцилира, соопшти Шведската кралска академија на науките. „Оваа метаморфоза бара неутрините да имаат маса. Ова откритие го промени сфаќањето за […]

Тројца добитници на Нобеловата награда за медицина

октомври 5, 2015

Нобеловата награда за медицина доделена им е на Вилијам Кемпбел од Ирска и на Сатоши Омура од Јапонија за нивната нова терапија за инфекции предизвикани од паразитски глисти, како и на Јоујоу Ту од Јапонија за нејзината терапија против маларија. Сезоната на објавување на годинешните Нобелови награди почна денеска во Осло, со прогласувањето на добитниците […]

Меркел, фаворит за Нобелова награда за мир

октомври 2, 2015

Германската канцеларка Ангела Меркел е еден од фаворитите за добитник на Нобелова награда за мир, чие име ќе биде соопштено следната недела, јавуваат германските медиуми. Првите добитници на Нобелова награда за медицина, физика и за хемија ќе бидат соопштени на почетокот од следната недела, но традиционално секогаш се шпекулира за добитниците на наградите за книжевност и за […]

Папата Франциск нема да се сретне со далај лама во Рим

декември 11, 2014

Папата Франциск нема да се сретне со далај лама за време на посетата на тибетанскиот духовен водач на Рим, престојниот викенд, соопштил денеска портпаролот на Ватикан, пренесуваат медиумите. Далај лама утре ќе допатува во тридневна посета на италијанската престолнина, каде што ќе присуствува на состанокот со другите добитници на Нобеловата награда за мир. Неименувани извори […]

Малала Јусуфзаи и Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир

декември 10, 2014

Пакистанското девојче Малала Јусуфзаи, која талибанците ја ранија затоа што не сакала да го напушти училиштето, и индискиот активист Каилаш Сатјарти денеска ja примија Нобеловата награда за мир на церемонија во Осло. Признанието им е врачено за време на дводневната манифестација, на која им се одаде почит за нивното залагање за правата на децата. Малала стана најмладиот […]

Страна 1 од 1