fbpx
Таг: министерство за одбрана

таг: министерство за одбрана

Петровска: Сомнителна руска фирма сакаше да добие тендер за криптозаштита во Министерството за одбрана

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за Министерството за одбрана, информира денеска министерката Славјанка Петровска. За случајот информираше првично телевизија Телма, каде министерката Петровска во интервју за КОД изјави дека фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството за одбрана со кој би...

Знамето на Украина подигнато пред Министерството за одбрана во знак на поддршка

Утрово пред Министерството за одбрана (МО) беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година, соопштија од министерството. „На чинот на подигањето на знамето присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката...

НСПВ: Министерството за одбрана го сопира плаќањето членарина на синдикатот

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) денеска одржа прес-конференција во која изјави дека Министерството за одбрана (МО) го сопрело плаќањето на членарината на синдикатот, со што го оневозможило синдикалното делување и организирање. Според Министерството за одбрана, пак, станува збор за „недоречена ситуација која создала несигурност и сомнежи кај службениците чија одговорност е исплаќањето, кои се обратиле до двата синдиката...

АРМ објави оглас за вработување на 300 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. „Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да...

Компјутерџии и медицинари се дел од првата генерација стипендисти на Министерството за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и студентите кои беа примени на Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата дефинирани како критични специјалности денеска во Министерството за одбрана потпишаа договори за стипендирање. „Веруваме во младите луѓе кои се мотивирани и можат да бидат додадена вредност за одбраната и за Армијата. Ги мотивираме и им отвараме нови можности за личен...

АРМ го одби последното барање на Украина за нова воена помош

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека македонската армија не била во можност позитивно да одговори на новото барање на Украина за воена помош. Согласно ставот на Генералштабот на нашата армија, за жал овојпат не можеме позитивно да одговориме, затоа што станува збор за опрема која е дел од нашата формација, односно од потребата на македонската армија, информираше министерката...

Барања за информации од јавен карактер: Отсуствува внатрешна процедура за одговор кај институциите

Некои институции одговараат навреме, но други го чекаат последниот рок или ги игнорираат барањата за пристап до информации од јавен карактер, и покрај тоа што постојат казни согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер. За да се избегне ваквата рашомонијада, неопходно е секоја институција да воведе внатрешни процедури за постапување по барањата за слободен пристап до информации...

Индекс на отвореност: Министерството за одбрана на прво место по отвореност, министерството на Груби најдолу на листата

Министерството за одбрана е прворангирана институција во Северна Македонија и во регионот согласно Индексот на отвореност, додека на најниско ниво е Министерството за политички систем и односи со заедниците, покажува најновиот извештај на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. На денешниот панел „Преку институционална отвореност кон спречување на корупција”, како дел од „Отворен Форум за антикорупција“, беше промовиран регионалниот Индекс...

Петровска: Доброволните пожарникари ќе бидат вклучени во реформираниот систем за кризен менаџмент

Пожарникарите-доброволци се повеќе од хумани, храбри и несебични. Борбата со природните непогоди - вклучувајќи ги и пожарите – е можна само ако сме заедно, добро координирани и подготвени, истакна денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на затворањето на конференцијата за развој на мрежа на доброволни противпожарни друштва во Северна Македонија. Зборувајќи за местото и улогата на доброволните противпожарни друштва и...

Министерството за одбрана не вработува војници за да ги испрати во Украина

Имајќи предвид дека НАТО не е во војна со Русија и не испраќа војници на фронтот во Украина, како и дека Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби, не може да се тврди дека МО вработува војници за желбите на Зеленски, односно за да ги испрати да се боорат во Украина, како...

Дезинформација е дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум

Тврдењето дека на Криволак се изведуваат вежби со осиромашен ураниум кој е канцероген е непроверено и непоткрепено со ниеден факт. Станува збор за тенденциозна шпекулација преку која се проектира теорија на заговор и создава неоснован страв кај јавноста. Министерството за одбрана демантира дека на Криволак се користи осиромашен ураниум. Оттаму посочуваат дека се вршат мерења на квалитетот на воздухот...

Македонската Армија свечено го прослави 31. роденден

Во пресрет на утрешниот Ден на Армијата, вработените во одбраната и припадниците на Армијата со свеченост го прославија 31. роденден на македонската Армија. На свечениот настан беа прочитани и сите унапредени офицери до чин потполковник, како и сите наградени и пофалени службеници во одбраната и припадници на Армијата. Во нејзиното обраќање, министерката Славјанка Петровска истакна дека е горда поради професионалноста,...

Петровска: Набавени се 32 оклопни возила, ќе набавиме и осум хеликоптери

При процесот на модернизација на Армијата многу се важни два сегмента – прво е важно да имате стабилен план кој е одржлив и може да биде реализиран и второ да имате соодветно финансирање, односно буџетирање. Во случајот со одбраната тоа е факт“, истакна во интервју за ТВ24, министерката за одбрана, Славјанка Петровска. „Стратешките документи каде се точно наведени плановите за...

Македонската армија ги презентираше новите оклопни возила набавени од САД [фото]

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип пред министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, американската амбасадорка Анџела Агелер и пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, беа презентирани новите оклопни возила од типот JLTV кои се составен дел на арсеналот на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. „Армијата во моментов располага со 32...

Пристигнаа новите американски воени возила JLTV за македонската армија

Македонската армија досега доби 32 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh од американско производство. Министерството за одбрана информира дека пристигнал воениот конвој со новите возила на Армијата. „Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која...

Петровска: Живееме нова безбедносна реалност, важно е да сме гласни во повикот да престане

„Европа се соочува со конвенционална војна, нешто што беше незамисливо пред нешто повеќе од една година. Оваа нова безбедносна реалност бара сите ние, чинителите во безбедносната сфера да бидеме јасни во осудата на воената агресија на една земја врз друга независна и суверена земја, да бидеме гласни во повикот да прекинат човечките страдања и потребата да надвладее разумот“. Ова...

Ново оружје за армијата – транспортери, оклопни возила, хеликоптери

Нови оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, оклопни транспортери Stryker, француски систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3, артилериски системи и осум повеќенаменски хеликоптери ќе бидат само дел од новото вооружување на македонската армија за кое денеска информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении,...

Македонија ќе ѝ донира на Украина 12 хеликоптери, купуваме осум нови

Македонската влада подготвува нов пакет на воена помош за Украина, која повеќе од една година се бори против воената агресија на Русија врз сувереноста и независноста на оваа земја. На следната владина седница ќе се достави предлог за донесување на одлука за донација на 12 хеликоптери за Украина, најави министерката за одбрана Славјанка Петровска во синоќешното гостување во емисијата...

Петровска: Целта на хибридните напади е да предизвикаат паѓање на прозападните влади

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Клик Плус на ТВ21 вчера зборувајќи за кибер-заканите и дојавите за поставени бомби во институциите истакна дека целта на овие хибридни закани, е да се предизвика пореметување на мирот и стабилноста на Балканот и да се внесе несигурност, страв и паника кај населението. „Најчесто целта на хибридните војни и кибер нападите како составен...

Петровска: Во 2012 имало само една жена полковничка, денеска имаме седум

Долги години, за жал, владееја стереотипите дека безбедносниот сектор, особено високите раководни позиции, се резервирани исклучиво за мажите. Но, со нашата упорност, истрајност и мудрост успеавме тоа да го промениме. Ова го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање на конференцијата насловена „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта” во организација на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...