fbpx
Таг: министер за внатрешни работи

таг: министер за внатрешни работи

Приведувањата на Онкологија немаат никаква врска со новиот министер за внатрешни работи

При претресите и приведувањата на Клиниката за онкологија, полицијата постапувала по наредба на јавен обвинител, а не по наредба на министерот за внатрешни работи. Впрочем и самиот министер Тошковски во изјава за Сител рече дека МВР постапувало по наредба на Основното јавно обвинителство и дека надлежноста за целиот процес е на ОЈО, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Еден од убиените во северно Косово бил близок до шефот на српските разузнавачи Вулин

Еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кaj Звечанe, бил телохранител на шефот на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин, информираше министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Фејсбук. „Вчера преку видео снимки го докажавме присуството на веле-криминалецот и водач на терористичката акција, Милан Радојичиќ. Во меѓувреме, денеска е...

Пост на социјалните мрежи шпекулира со хеликоптерската несреќа во близина на Киев

Постот шири паушални информации за хеликоптерската несреќа во Бровари, во близина на Киев. Сè уште нема официјални податоци зошто хеликоптерот се сруши. Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека е започната истрага за причините кои довеле до несреќата и штом ќе бидат добиени првични официјални информации, истите ќе бидат споделени со јавноста. Значи, сè уште е рано да се каже...

Спасовски за 24 ТВ: Стабилна и мирна безбедносна состојба, без никакви индиции за нарушување

Безбедносната состојба е стабилна и во овој момент без никакви индиции дека може да биде нарушен мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното гостување на ТВ24. Спасовски образложи дека глобалните случувања, како што се воената агресија на Русија врз Украина, економската криза, енергетската криза и случувањата во регионот, секако имаат свое влијание,...

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Скопје од...

ВМРО-ДПМНЕ: Убијците на Мартин Јанушев имаат заштита од највисокиот врв на власта

„Никој 15 дена не знае ни каде се наоѓа, ни кој му помогнал да избега на убиецот на Мартин Јанушев. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисокиот врв на власта. Така е затоа што криминалците беа ослободувани и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не смеат да ги гонат“,...

Спасовски и Македонскиот полициски синдикат договориле работни групи за платите

На денешната работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Ацо Антовски, било договорено заедничко решавање на проблемот со платите, соопшти МВР. Спасовски и Антовски се договориле заради ветеното усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето, во...

Македонскиот полициски синдикат бара Владата да ги зголеми платите на полицајците

Македонскиот полициски синдикат (МПС) денеска побара да се зголемат платите на македонските полицајци според одлуката на Владата од април 2015 година. Со  неа првично платите на вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) беа усогласени со платите во другите сродни институции, но досега не биле исплатени другите две предвидени зголемувања од пет отсто за вработените во МВР. Синдикатот, констатирајќи дека во предлог-буџетот на...

Спасовски со италијанскиот колега Минити договарал проширување на соработката

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Трст, Италија, се сретнал со министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, при што се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете министерства. Како што соопшти македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), двајцата министри констатирале дека соработката меѓу двете министерства е одлична, а особено значајна во областа на борбата против трговијата...

Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите

Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за медиуми откако гласаше на локалните избори, рече дека најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите. - Најважно од сè е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени да го остварат своето гласачко...

Кој и под кои услови во Македонија може да нареди прислушување на дипломати

Прислушувањето на странски дипломати, во чии редови без исклучок има и разузнавачи, според Законот за следење на комуникации се врши на барање на министрите за внатрешни работи и за одбрана, а го одобрува судија на Врховен суд. Во Законот за следење на комуникациите условите и постапката за прислушување е уредена во две глави. Едната се однесува на сторители на кривични...

Нухиу: Ќе се обидам сите граѓани да бидат задоволни од мојата работа

Свесен за периодот во кој ќе раководам со Министерството за внатрешни работи, ќе направам максимални напори со ова решение да бидат задоволни сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната национална, верска, партиска и социјална припадност, изјави Агим Нухиу при преземањето на министерската функција од досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Нашето општество има потреба од силна поддршка, како од...

Стефановиќ: ДНК-траги од најмалку три лица на оружјето најдено кај домот на Вучиќ

Со вештачење на оружјето и на муницијата пронајдени во близи на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, идентификувани биле парцијални траги од ДНК од најмалку три лица, соопшти денеска министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Сепак, изјави Стефановиќ, дел од трагите биле едни преку други и тешко било да се изолира еден примерок на ДНК, кој би...

Кумановскиот СВР му поднесе кривични пријави на градоначалникот Дамјановски

Секторот за внатрешни работи Куманово му поднесе две кривични пријави на градоначалникот на Општината, Зоран Дамјановски, со кои го товари за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во првиот случај, Дамјановски и двајцата раководители на општинските сектори за урбанизам и за инспекциски надзор се осомничени за пропусти околу реконструкцијата и пуштањето во употреба на раскрсницата меѓу булеварот Трета македонска ударна...

Собранието без опозицијата го изгласа Оливер Андонов за министер за внатрешни работи

Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата. На гласањето за нов министер му претходеше жестока расправа меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека со предлогот...

Почнаа преговорите во Пржино, партиите резервирани

„За договор сме дојдени“, изјави Артан Груби од ДУИ пред почетокот на денешната рунда преговори на претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во резиденцијата на Европската Унија, која што почна претпладнево. На прашањето на „Мета“ дали денеска очекуваат да се постигне договор, заменик-претседателската на СДСМ, Радмила Шекеринска, само кусо изјави „Ќе видиме“. Имер Алиу од ДПА и Никола...

Ахмети: Македонските партии да го надминат единственото отворено прашање

Политичките партии од македонскиот блок треба да го надминат единственото отворено прашање меѓу нив за да се олесни постигнувањето на договорот што е можно поскоро, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на денешната средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Масимо Белели. Ахмети и Белели, како што информираат од ДУИ, на средбата разговарале за последните случувања во преговарачкиот процес...

Спасовски до Димитриев: Со самовластието и со хаосот ја продлабочувате политичката криза

Одлуката на Владата за укинување на решенијата донесени од Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава е донесена во нелегитмина постапка, надвор од законите и од деловникот за работа на владата, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во отвореното писмо до техничкиот премиер Емил Димитриев. Спасовски истакнува дека информацијата по која Владата...

Спасовски се сретна со Бејли

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. „Министерот Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава и ги истакна своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и на професионалноста во работата на вработените во Министерството. На средбата, исто така, тој ја претстави и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза,...

Спасовски ја презеде полициската фотелја од Чавков

Денеска во Министерството за внатрешни работи било извршено примопредавањето на должноста министер за внатрешни работи, соопштија попладнево од МВР. „Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го презеде кабинетот од претходниот министер, Митко Чавков“, стои во соопштението. Спасовски денеска со мнозинство гласови во Собранието беше избран за министер за внатрешни работи.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...