fbpx
Таг: ИВЗ

таг: ИВЗ

Обвинителство: Изјавата на Реџепи за судијката ќе се истражува заедно со случајот за Арнакија

На истрагата на Јавното обвинителство за говор на омраза од реисот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, кон Македонците ќе се придодаде и истрага за говор на омраза кон судијката која што одобрила негова смена од челното место на ИВЗ, јавува „Порталб.мк“. - Случајот ќе биде испитан, ќе се направат проверки, во рамките на случајот што претходно беше отворен...

Финансиска полиција демантира дека направила контрола во просториите на ИВЗ

Управата за финансиска полиција денеска демантираше дека вчера извршила увид и контроли во седиштето на Исламската верска заедница во Скопје. Финансиска полиција информира и дека воопшто не презела никакви дејствија досега за контролирање на финансиското работење на ИВЗ, но и дека вчера примила писмена пријава за финансиска контрола во ИВЗ. Случајот ескалираше вчера, откако приврзаниците на Скендер Бузаку објавија дека...

Судир во ИВЗ, Бузаку се прогласи за реис, Реџепи ја оспори одлуката и посака смрт за судијката

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, откако вчера Скендер Бузаку се прогласи за нов Реис-ул-улема на ИВЗ, рече дека на вонредниот состанок во Факултетот за исламски науки во Кондово, Ријасетот решил дека ќе се вклучи во пропагандата против власта доколку нема реформи во правосудството во земјата. Според него, со фалсификуван судски процес им е преземено седиштето, а...

Тетовци протестираа против објектите за игри на среќа во градот

Со пароли „Стоп за коцкањето“, на градскиот плоштад во Тетово се собраа група граѓани, како и претставниците на локалната власт, верските заедници и организаторите на протестот – „Движење против казината“. Заедно го изразија револтот од многубројните објекти за игри на среќа во градот. Велат, младите на тој начин си ги уништуваат животите. Како претставник на тетовско-гостиварската епархија говореше отецот Александар...

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11 до 15 август ќе патуваат со четири авионски чартер летови. Ова го изјави генералниот секретар на Исламската верска заедница на Македонија, Ирсал Јакупи. Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општените Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 26 верници. – Нашето...

Анкета: 42,6 отсто не ја оправдуваат одлуката на МПЦ-ОА да побара од БПЦ да и биде мајка-црква

Двете најголеми верски заедници МПЦ-ОА и ИВЗ имаат големо влијание врз политиката, покажува истражувањето „Религија-Политика-Општество: Влијанието на Религијата во Политиката и Општеството” на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за Политички истражувања-Скопје и молитвеникот за информации Религија.мк. Поголемиот дел од анкетираните – 42,6 отсто не ја оправдуваат одлуката на МПЦ-ОА да побара од БПЦ да и биде мајка-црква, додека...

Без дозвола за градба, се подготвува теренот за изградба на џамија на Попова Шапка

Без дозвола за градба, во туристичкиот центар Попова Шапка, се вршат градежни активности за изградба на џамија, потврдуваат од секторот за урбанизам при Општина Тетово. - Викенд-населбата на Попова Шапка е под надлежност на Општина Тетово. За оваа викенд-населба сè уште не е изработен детален урбанистички план и секоја нова градба што се гради е дивоградба. За парцелата каде што...

ИВЗ: Со поставувањето на крстот се поттикнуваат меѓуетнички тензии

Исламската верска заедница денеска реагираше поради поставувањето на крстот во општина Бутел. Изградбата  на верскиот симбол, ИВЗ го оценува како провокација кон муслиманските верници. Оттаму сметаат дека иницијативата поттикнува меѓуетнички тензии, па затоа ги повикуваат властите, но и меѓународните претставници, да интервенираат да се укине одлуката на Општина Бутел во која, како што велат од ИВЗ, половина од жителите се од исламска...

Верниците од ИВЗ донираа 90.000 евра за поплавените семејства во Тетовско

За време на изминатите две петочни молитви, во џамиите низ Македонија е собрана хуманитарна помош за настраданите од големото невреме, кое на 3 август го зафати тетовскиот регион. По повикот на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), помошта во парични средства ја донираа верниците, а во акцијата се вклучи и хуманитарната организација „Ел Хилал“ кој подели 600 пакети со...

Именуван нов скопски муфтија, разрешените членови најавија протести

Исламската верска заедница за нов скопски муфтија го именуваше Реџеп Јусуфи. Разрешените членови на скопското муфтиство, пак, го обвинуваат поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, дека незаконски го сторил тоа. - Не е избран, тој е именуван од Сулејман Реџепи, без негова волја. Во комуникација со Реџеп Јусуфи, сам ми кажа дека е принуден да го прифати тоа - изјави разрешениот...

Групата која 12 дена ја окупираше ИВЗ, го напушти објектот

Групата која 12 дена ја окупираше Исламската верска заедница, го напушти објектот на чело со скопскиот муфтија Шабани. Судот донесе решение со кое се бараше групата веднаш да ја напушти ИВЗ. Пред 12 дена, групата предводена од скопскиот муфтија и од неговиот секретар насилно ги зазедоа просториите на ИВЗ, револтирани поради нивното разрешување.

Џамиските одбори од Источна Македонија застанаа зад скопскиот муфтија

Џамиските одбори од Источна Македонија денеска соопштија дека застануваат на страната на, како што велат, новото раководство на ИВЗ под водство на скопскиот муфтија Ибрахим Шабани, кој во понеделникот оваа недела, со своите приврзаници, ја презеде контролата на седиштето на ИВЗ во Скопје. „Денеска присутните џамиски одбори од Источна Македонија, кои се собраа во централната џамија „Кадин-ана“ во Штип, безрезервно го...

Муфтиите од Источна Македонија на вонреден состанок во Штип

По настаните во седиштето на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Скопје, муфтиите и оџите од Источна Македонија денеска се собраа на вонреден состанок во Штип. Тие на прес-конференција, закажана за денеска во 13 часот, се очекува да го соопштат заедничкиот став за настаните. Според првичните неофицијални најави, повеќето локални верски челници му даваат поддршка на реисот Сулејман Реџепи, кого го оспорува...

Шабани: Не мрдаме одовде додека Реџепи не си поднесе оставка

Ситуацијата во Исламската верска заедница е сè уште тензична и статус кво откако вчера скопскиот муфтија Ибрахим Шабани и неговите приврзаници упаднаа и го зазедоа седиштето на ИВЗ. Денеска пред седиштето на ИВЗ е мирно, но може да се почувствува извесна тензија, како ехо од вчерашните случувања. Неколкумина полицајци сè уште се пред влезот на службените простории и го контролираат...

Скопскиот муфтија го презеде ИВЗ

Скопскиот муфтија Ибрахим Шабани и повеќемина негови приврзаници утрово упаднаа и го зазедоа седиштето на Исламската верска заедница(ИВЗ). Раководството на ИВЗ е острането, а за привремен раководител е поставен скопскиот муфтија Ибрахим Шабани. - Раководството на ИВЗ го урна правниот систем, уставот и другите нормативни акти на заедницата. Имајќи го во предвид овој хаос и последниот инцидент создаден од реисот...

Незадоволни верници ја окупираа ИВЗ

Педесетина верници од муслиманска веросиповед, предводени од скопскиот муфтија Ибрахим Шабани, утрово, како што тврдат од ИВЗ, се обиделе насила да влезат во седиштето на Исламската верска заедница, но биле спречени во намерата, пишува „Плусинфо“. Во моментот, голем број верници што го поддржуваат скопскиот муфтија се во дворот на ИВЗ, а меѓу нив и околу седиштето присутни се голем број полициски...

Верските училишта на ИВЗ ќе влезат во образовниот систем?

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска оствари работна средба со поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис ул улема хаџи ефенди Сулејман Реџепи, на која беше разговарано за можноста верските образовни институции да бидат дел од образовниот систем. - Речиси во сите земји од регионот, верските училишта се во рамките на образовниот систем, затоа што тие се битни...

Каде беше ИВЗ 25 години?

Уште еден македонски Албанец го загуби животот на боиштата во Сирија, како доброволец џихадист, со што бројот на загинати македонски државјани, според досега достапните информации, изнесува 14 луѓе. Информацијата за смртта на младиот Садик Џемаили (25) доаѓа речиси истовремено со највата на проектот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во кој, освен мерки за зауздување на појавата на регрутирање луѓе од...

Македонците во Албанија вознемирени од изјавата на поглаварот на ИВЗ

Изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, дадена за „Лајм“, а во која тој тврди дека „Македонци муслимани не постојат и дека тие се ѓаволско дело и претставуваат ин-витро нација, создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, наиде на остра осуда меѓу Македонците во Албанија. Досега, официјално реагираа Македонско друштво „Илинден“ од Тирана и разгранокот...

Пратеници во Собранието му пишаа на реисот на ИВЗ: Македонците муслимани се реалност

Пратениците Фатмир Имеровски, Нола Исмаjлоска и Алим Билали, денеска испратија писмо до реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван Реису, Дозволете ни како верници, но и како пратеници во Собранието на Република Македонија, избрани и поддржани токму од Македонците муслимани, директно и недвосмислено да Ви укажеме на заблудата или лошата намера со која живеете. Македонците муслимани се...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...