fbpx
Таг: исчезнување

таг: исчезнување

Спасовски никогаш не кажал дека Палевски имал дојава од МВР, па избегал

Изјавата на Спасовски којашто се цитира во текстот е целосно фабрикувана. Министерот за внатрешни работи, во ниту еден момент, на ниту една прес-конференција не кажа дека некој од МВР му дал информација на осомничениот Љупчо Палевски – Палчо, по што тој побегнал од државата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува...

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во корелација со дискусија за...

Се трага по исчезнатата подморница која нурнала за да го истражува „Титаник“

Американските власти и тимовите за спасување се во трка со времето при напорите за пребарување на Атлантскиот океан, по исчезнувањето на мала подморница со пет лица која нурнала упатувајќи се кон потонатиот брод „Титаник“. Подморницата, позната како „Титан“, е управувана од компанијата „OceanGate Expeditions“, а американската крајбрежна стража соопшти дека контактот со неа бил изгубен 1 час и 45 минути...

Спортските риболовци алармираат дека охридската пастрмка безмилосно се уништува

Спортските риболовци од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид алармираат за безмилосно уништување на охридска пастрмка и бараат конкретна одговорност. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките закононски и подзаконски регулативи“, стои во нивната реакција. Тие сметаат дека Пандорината...

Полицијата и семејството трагаат по исчезнатиот 48-годишен охриѓанец

Полицијата и семејството веќе четврти ден безуспешно трагаат по исчезнатиот охриѓанец Ристе Алексиески, кој заминал да бере печурки и не се вратил дома. Излегол од дома и се упатил на автопатот Охрид – Скопје, во делот од селото Мешеишта, кон селото Климештани. Последен пат е виден во 12.30 часот покрај автопатот меѓу двете села. Исчезнатиот Ристе Алексиески (48) е висок околу 170...

Авион на релацијата Париз-Каиро исчезна над Средоземно море

Авион на компанијата „Eгипет ер“ кој во средата навечер полетал од Париз за Каиро исчезнал од радар над Медитеранот, соопшти утринава египетската авиокомпанија. Во авионот имало 66 патници, меѓу кои и три деца и 10 членови на екипажот. Од египетскиот патнички авион, кој исчезнал за време на летот над Средоземното море, бил примен сигнал во 4 часот и 26 минути...

Во Германија во 2015 година исчезнале 5.835 деца бегалци

Во Германија во текот на изминатата година исчезнале 5.835 малолетни бегалци, од кои 555 помлади од 14 години, јавуваат германските медиуми. Тие се повикуваат на информацијата што од владата и од парламентот ја доби германската новинска агенција „Функе медиенгрупе“. Многу од малолетните бегалци пристигнале во Германија без надзор на возрасни. Германското министерство за семејни прашања во февруари, реагирајќи на пишувањата на медиумите за...

Петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа кај островот Лезбос

Едно петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа во морето кај грчкиот остров Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража. Портпаролот на крајбрежната стража, Никос Лагадијанос, изјави дека 11 лица се спасени во морето меѓу островот Лезбос и крајбрежјето на Турција, додека едно лице само допливало до брегот. Преживеаните им соопштиле дека 13 лица исчезнале.

Исчезна индонезиски авион со 54 патници

Авион на една индонезиска компанија со 54 патници исчезнал во регионот на Папуа Нова Гвинеја. Шефот на индонезиската Национална управа за пребарување и спасување, Бамбанг Соелистјо, потврди дека контактот со авионот е изгубен. Од Националната управа соопштуваат дека авионот кој летал на домашна линија и припаѓал на компанијата „Тригана“ и дека во него се наоѓале 44 возрасни патници, пет деца и...

Исчезна 33-годишен скопјанец

Вчера, околу 10.40 часот, во полицискара станица Гази Баба, Б.П.(71) пријавил дека на 16 јули, од дома во непознат правец се оддалечил неговот син С.П. (33). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Штип исчезнала 17-годишна девојка

Вчера во полициската станица во Штип, било пријавено исчезнување на 17-годишната Н.М. од страна на нејзиниот татко. Девојката исчезнала откако отишла да се прошета, по што не се вратила. Од МВР информираат дека преземаат мерки за да се пронајде лицето.

Четврта седмица од исчезнувањето на Уран Купа од струшко Велешта

Случајот со исчезнувањето на 27-годишниот Уран Купа од струшкото село Велешта, од денеска влегува во четвртата недела, а од него и понатаму нема ниту трага, ниту глас. На прашањето до каде е стигнато со истрагата, утринава портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека полицијата и понатаму интензивно трага. - Од двете страни, откај Струга...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...