fbpx
Таг: Илирида

таг: Илирида

Аудиото од посетата на Талат Џафери во Форино е додадено и е од спортски натпревар

На видеото од посетата на техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно село Форино, снимен е видео материјал, кој содржи аудио со извици ,,Илирида, Чемерија, Косово”. Но, овие извици не се од пречекот на техничкиот премиер, туку се дополнително додадени, односно монтирани. Ваквиот видео материјал е манипулативен затоа што создава впечаток како техничкиот премиер да бил дочекан со овие...

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина...

Албанската пратеничка Месила Дода посилно ќе се бори за Илирида, мотивирана од заканите

Албанската парламентарка Месила Дода, позната по својот екстремизам, на својот фејсбук-профил постираше принтскринови од закани од, како што тврди таа, македонски граѓани. Дода, пратеничка од Партијата за праведна интеграција и единство, во своето обраќање преку социјалните мрежи пишува дека постојано добива закани кога и да се позанимава со ситуацијата на Албанците во Македонија. Вели дека ако се осмелуваат да се...

Дода пак провоцира: ФИРОМ е лабораторија за албанофобија, јас ќе одам во Илирида

Албанската пратеничка Месила Дода преку својот фејсбук-профил одговори на реакцијата на СДСМ во однос на нејзината изјава дадена пред неколку дена во Дебар, каде таа кажа дека Македонија не постои, дека тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида. „Читам во медиумите дека во ФИРОМ побарале да ме прогласат за персона нон грата. Не е проблем тоа за мене,...

Кривична за кумановец кој изнудувал пари во име на паравоена формација

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 47-годишниот А.З., жител на градот, кој се товари дека претставувајќи се како припадник на т.н. паравоена формација „Илирида“, се обидел да изнуди пари од жител на Липково. Според полицијата, осомничениот, во текот на мината година, од својот мобилен телефон, повеќепати му се јавувал и му праќал пораки со закани на М.М....

Генерал Ндрецај ја промовира униформата на гардата на Илирида

Хамди Ндрецај, познат и како Пантер, кој се претставува како командант на „гардата на република Илирида“, неодамна ја облече и ја покажа униформата на гардата. Порталот „Алмакос“ ја пренесува изјавата на Надрацај во која тој вели дека уникатната сива униформа ја направиле во чест на загинатиот херој Имер Гавазаи, кој бил убиен пред седум години во Бродец, Тетовско. Пантер во изјавата...

Хоџа: Илирида е алиби за Мијалков да ги нападне Албанците

Џезаир Шаќири – Хоџа, поранешниот командантот на ОНА, во изјава за весникот на албански јазик „Лајм“ ја критикува т.н. гарда на Илирида. Според него, ова претставување на гардата на Илирида на социјалните мрежи е мало провоцирање и давање алиби на антиалбанските настроени страни за уште повеќе да ги нападнат албанските жители во Македонија. – Албанците на ниту еден начин не треба...

Ќамили: Лица во црни униформи легитимираат во Тетовско

Им се заканувале на вработени во „Водовод“ Тетово
Земри Ќамили,заменик министерот за внатрешни работи, вчера потврди дека во Tетовско, лица во црни униформи легитимирале граѓани и им се заканувале. - Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица, облечени во црно, но без обележја, им се заканувале на вработени во тетовски „Водовод“, но не се претставиле како претставници на Илирида - изјави Ќамили.  

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...