Кривична за кумановец кој изнудувал пари во име на паравоена формација

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 47-годишниот А.З., жител на градот, кој се товари дека претставувајќи се како припадник на т.н. паравоена формација „Илирида“, се обидел да изнуди пари од жител на Липково.

Според полицијата, осомничениот, во текот на мината година, од својот мобилен телефон, повеќепати му се јавувал и му праќал пораки со закани на М.М. од Липково, барајќи му 3.000 евра помош за т.н. „Илирида“.

Според пријавата, кумановецот се товари за изнуда.