fbpx
Таг: СВРКуманово

таг: СВРКуманово

По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни лица

Откако викендов Агим Нухиу го презеде министерското столче во Министерството за внатрешни работи од техничкиот министер Наќе Чулев, во согласност со законските одредби за функционирање на техничката влада од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада, информираат...

Татко и син од Штип одгледувале марихуана во Кратовско

Двајца штипјани се осомничени дека одгледувале насади од канабис сатива (марихуана) во кратовското село Татомир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривични пријави до Јавното обвинителство против С.Ѓ. (59) и Т.Ѓ. (37), кои се товарат за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Според...

Полицијата трага по тројца насилници од кумановско Лопате

Двајца браќа и уште едно непознато лице, вчера вечерта во кумановското село Лопате нападнале и претепале три лица, кои по инцидентот биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово, за укажување лекарска помош. Инцидентот се случил околу 19.45 часот, а му претходела расправија меѓу браќата и нападнатите. Според полициските информации, браќата Ф.А. (33) и Ф.А. (30) и непознатото лице со автомобил,...

Залутан куршум оштетил возило во Куманово

Триесетгодишна кумановка вчера во локалната полиција пријавила дека околу 17 часот од заталкан куршум бил оштетен автомобилот на нејзиниот сопруг, информираат од полицијата. Според полицијата, залутаниот проектил од огнено оружје завршил во багажникот на автомобилот, марка „ауди“, кој бил паркиран на улицата Октомвриска револуција. Екипа на Секторот за внатрешни работи од Куманово, извршила увид на местото и работи на расчистување на...

Сообраќајни контроли во Куманово: Од 80 казнати возачи, 50 биле пијани

Од 80 прекршоци, колку што констатирала полицијата за време на контролите што викендов биле спроведни на подрачјето на СВР Куманово, повеќе од половината биле за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. „Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се...

Жител на Кумановско ја пријавил сопругата за исчезната

Четириесет и петгодишниот Њ.А. од селото Алгуње, вчера во кумановската полиција ја пријавил за исчезната својата сопруга Ж.А. (34), соопшти полицијата. Според пријавата, жената на 1 јули се оддалечила во непознат правец и оттогаш не се вратила дома. Секторот за внатрешни работи Куманово презема мерки за пронаоѓање на жената.

Украл броило и го монтирал во својата викендичка

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против А.А. (20), осомничен дека пред три години украл електрично броило од станбена зграда во Куманово, кое потоа го монтирал во својата викендичка. Во врска со случајот, пријава е поднесена и против И.И. (48) од селото Лојане, инаку, вработен во „ЕВН Македонија“, кој се товари за кривичните дела помагање, злоупотреба на службената положба...

Поранешен службеник во Агенција за катастар осомничен за фалсификување документи

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе пријава против И.А. (53), поранешен вработен во Агенцијата за катастар, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа, информираат од полицијата. Кривични пријави, во врска со случајот, се поднесени против уште две лица, односно М.Н. (55) и Н.Н. (67) од кумановското село Буковљане, кои, пак, се товарат за употреба...

Кумановец осомничен за нелегално поседување оружје

Кумановската полиција поднела пријава против М.М. (28), кој се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Како што информираат од полицијата, нивна екипа на почетокот на април годинава, извршила претрес во домот на осомничениот и пронашла 20 куршуми од различен калибар и еден стартен пиштол, кој М.М. го поседувал со потврда издадена од СВР Куманово.

Кривична за кумановец кој изнудувал пари во име на паравоена формација

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 47-годишниот А.З., жител на градот, кој се товари дека претставувајќи се како припадник на т.н. паравоена формација „Илирида“, се обидел да изнуди пари од жител на Липково. Според полицијата, осомничениот, во текот на мината година, од својот мобилен телефон, повеќепати му се јавувал и му праќал пораки со закани на М.М....

Тројца кумановци осомничени за разбојништво над сириски државјанин

Кумановската полиција подела кривична пријава против три момчиња од градот, од кои едниот малолетник, осомничени дека извршиле разбојништво над сириски дражавјанин. Како што информираат од МВР, станува збор за Ѓ.У. (21), А.А. (21) и Е.М. (16). Осомничените, на 29 јануари оваа година, на автобуската станица во Куманово, физички нападнале и ограбиле сириски државјанин, од кого одзеле 300 евра и мобилен телефон.

Криминалецот Авди Зенели уапсен пред Нова година

Во организирана акција на СВР Куманово и на Централните полициски сили (ЦПС), завчера во раните утрински часови бил уапсен кумановецот Авди Зенели(47), познат криминалец, кој се барал со централна потерница за издржување доживотна затворска казна, соопшти МВР. Акцијата била спроведена по претходно добиени оперативни информации. Како што информираат од полицијата, уапсениот Зенели е сторител на убиството на гостиварецот Зеќир Зеќири (46),...

Полицаец од Кратово осомничен дека си натпишувал прекувремени работни часови

СВР Куманово поднел кривични пријави против двајца полициски службеници од полициската станица во Кратово, осомничени за внесување невистинити податоци во евиденцијата за прекувремени работни часови и за невршење надзор во евиденцијата, информираат од МВР. Првопријавениот И.А. (49) се товари за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување или уништување на деловни книги, а второосомничениот, Г.А. (45), за несовесно...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...