fbpx
Таг: хотел

таг: хотел

Најмалку 12 лица загинаа во напад на хотел во Сомалија

Најмалку 12 лица загинаа при вооружен напад врз хотел во претстолнината на Сомалија, Могадишу, што го изврши екстремистичката група Ал шабаб. Бомбаш-самоубиец со автомобил удрил во влезот на хотелот „Сомали јут лиг“, а потоа вооружените напаѓачи влегле во хотелските простории каде што пукале врз обезбедувањето. Овој хотел се наоѓа блиску до претседателската палата, каде што пред еден ден имаше напад и беа...

Уапсен вооружен маж во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз

Француската полиција денеска уапсила маж откако кај него биле пронајдени два пиштоли на влезот од хотелот „Њујорк“ во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз, јавува „Би-Би-Си“. Дваесет и осумгодишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, не им е познат на француските безбедносни служби. Кај него, според полициските информации, освен пиштолите, бил пронајден и примерок од Куранот и кутија со муниција. Тој бил...

Заврши заложничката драма во Буркина Фасо, џихадистите убиени

Најмалку 20 лица загинаа, а многумина беа земени како заложници во нападот што го изврши Ал каеда на хотел во главниот град на Буркина Фасо. Синоќа најмалку тројца вооружени мажи го нападнаа хотелот „Сплендид“ и држеа заложници во текот на ноќта. Пред тоа два автомобили-бомба експлодираа пред хотелот. Безбедносните сили утринава извршиле контранапад и ги ослободиле заложниците. Ослободени се 126 заложници, а тројца...

Тројца туристи повредени при нападот на хотелот во Хургада

Двајца туристи од Австрија и еден од Шведска биле повредени во нападот што вечерва се случил во хотелот „Бела виста“ во Хургада. Три вооружени лица го извршиле нападот, а до хотелот пристигнале по морски пат. Според информациите на официјалните лица, двајца од терористите влегле преку ресторанот на хотелот, а при пресметката со полицијата, еден од нив бил убиен. Иако напаѓачите, наводно, носеле знаме...

Три вооружени лица извршиле напад врз хотел во Хургада

Три вооружени лица извршиле напад на еден од најпознатите туристички комплекси во Хургада, „Ред си“ (Read Sea). Според информациите од вработените во хотелот „Бела виста“, најмалку двајца туристи биле повредени во нападот. Оваа инфорамција, безбедносните сили на Египет ја потврдиле за „Ројтерс“, додавајќи дека напаѓачите пристигнале од море, за да го извршат нападот. Напаѓачите, наводно, носеле знаме на Исламска држава.

Охриѓанец пронајден мртов во хотел „Гранит“

Во соба во хотелот „Гранит“ вчера наутро е пронајдено безживотното телото на 65-годишниот охриѓанец Владо Д. (65) од Охрид. Лекарска екипа констатирала дека кај починатиот нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидина екипа од СВР-Охрид, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Продадени плацеви за хотел и за викендички во Кочани

Хотел со површина од близу 6.000 квадратни метри ќе се гради во Кочани, откако денеска на електронска аукција беше купен плац по цена од 313 денари за еден квадратен метар. Плацот за хотелот е еден од 49-те парцели државно земјиште понудени за продажба од Општината Кочани. Денеска беа продадени 31 плац, при што Општината треба да инкасира 95.500 евра. Општината соопшти...

Уапсени двајца осомничени за заложничката драма во хотелот во Мали

Специјалните сили на Мали уапсиле две лица осомничени за поврзаност со заложничката драма во хотелот „Радисон блу“ во главниот град на земјата, Бамако, во која беа убиени повеќе од 20 лица, јавуваат светските медиуми. Засега не е познат идентитетот, ниту улогата што двајцата осомничени ја имале при нападот во хотелот, кој се случи во петокот минатата недела. Одговорноста за нападот, во кој...

Претседателот на Мали прогласи вонредна состојба

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубарак Кеита, денеска прогласи вонредна состојба во траење од десет дена и тридневна жалост во државата, по терористичкиот напад и повеќечасовната заложничка криза. Исламските екстремисти вчера убија 19, а ранија седум лица во нападот на хотелот „Радисон блу“ во главниот град на Мали, пред командосите да упаднат во зградата и да ги спасат 170 заложници. Двајца...

Мали: Ослободени 80 заложници од хотелот во Бамако

Вооружените напаѓачи ослободија 80 лица од хотелот „Радисон блу“ во Бaмако, каде од утринава држат 170 лица како заложници, јавуваат државните медиуми на Мали. - Напаѓачите сè уште се внатре. Повремено се слушаат истрели - изјави еден очевидец. Припадниците на безбедносните сили на Мали упаднале во хотелот, каде се убиени тројца од заложниците. Во меѓувреме, турските власти соопштија дека тројца од седум членови на...

Заложничка драма во Мали

Вооружени лица денеска нападнале хотел во Бамакo, главниот град на Мали, и се верува дека држат заложници, изјавија извори од силите за безбедност и очевидци. Светските медиуми јавуваат дека три лица се убиени, а напаѓачите држат 140 гости и 30 вработени во хотелот како заложници, но засега нема официјална потврда на оваа информација. - Рано утринава имаше пукање. Изгледа дека има обид за земање...

Во хотелот „Бисер“ лажно сместила 52 лица на седумдневен летен аранжман

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В. (44) од Прилеп, која ја товари за измама, употреба на исправа со невистинита содржина и за посебен случај на фалсификување исправа. Пријавената, за да стекне противправна имотна корист, на осми јули оваа година, во хотелот „Бисер“ во Струга, на одговорниот менаџер му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија. Лажно претставувајќи...

Во воздушен напад на јеменски хотел загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица, поголемиот дел цивили, загинаа во воздушен напад од саудиските воздухопловни сили на хотел во јеменскиот главен град Сана. Официјални лица рекоа дека станува за хотелот „Марина“, лоциран во јужниот дел на Сана. Ова се случува откако коалициските воздушни сили извршија напади против хутските сили во Сана во петокот и убија најмалку 40 цивили, а беа повредени најмалку 130...

Официјално отворен хотелот „Ибис“, кој почна да работи во февруари

Хотелот „Ибис“ денеска беше официјално отворен за јавноста, иако почна да работи во февруари годинава. Менаџерката на хотелот, Катерина Илиевска, изјави дека со присуството на овој хотел во Скопје, Македонија се впишува на светската мапа на туризмот и директно придонесува за негова афирмација. Хотелот е дел од групацијата „Акор хотелс“ („Accor Hotels“), хотелски синџир кој е присутен во 92 земји во светот...

Притворен Босанец и двајца Срби поради кражби во охридски хотел

Двајца српски и и еден државјанин на Босна и Херцеговина се осомничени од охрдиската полиција дека ограбиле фински и американски државајни во хотелот „Ди англо“ во Охрид. Како што информираат од полицијата, станува збор за босанскиот државјанин Д.Л. (38) и за В.Р. (65) и Р.С. (51) од Србија, против кои се поднесени пријави за кражба. Според полицијата, на 22 јули оваа...

Каменос фатен во лага за трошоците за неговото патување во САД

Грчките медиуми го обвинуваат коалицискиот партнер на премиерот Алексис Ципрас и министер за одбрана, Панос Каменос, за лага околу точната финансиска сума што била потрошена за неговиот престој во Вашингтон. Иако владата на СИРИЗА вети и се залага за што помали трошоци кои вклучуваат возење со економска наместо со прва и со бизнис-класа, некористење државни автомобили, весниците „Прото тема“ и „Та неа“...

Рецепт за нов хотел во Охрид: Запали шума, исечи дрвја и удри со багери

Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагираат на градењето голем објект на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје. Се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Инекс“, веднаш под вилата на МВР, каде ќе се гради хотел на синџирот „Смол лаксари хотелс“ (Small Luxury Hotels). Според најавите, објектот ќе се простира на површина од 7.000 квадратни метри. Предвидено е да се изградат 50 соби,...

Ќе се гради првиот хотел со седум ѕвезди во Дубровник

Рускиот милијардер Виктор Векселберг планира хотелот „Белведере“ да биде првиот од категоријата хотели со седум ѕвезди во Дубровник. Новиот хотел ќе се наоѓа на местото на стариот, но ќе има повеќе содржини. Хотелот ќе се протега на 25.000 квадратни метри, ќе има 120 соби и нова хотелска плажа, пишува весникот „Слободна Далмација“ Според Давор Штерн, претприемач и консултант на компанијата „Вила...

Центар ќе го затвори опасното градилиште на „Настел“

Општина Центар планира утре да го затвори градилиштето каде што фирмата „Настел“ пред неколку години ископа градежна јама за да гради хотел, соопштија од локалната самоуправа. „Земјата околу јамата на улицата Осма ударна бригада, во близина на италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште“, пишува во соопштението на Општината. Како што известуваат од локалната...

Ден на борба против корупцијата

Настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата денеска ќе организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Настанот ќе почне во 11 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. За време на настанот, голем број градоначалници ќе потпишат документи за антикорупциски...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...