fbpx
Таг: хотел

таг: хотел

Напад на хотел во Могадишу

Вооружени лица утринава упаднале во хотел во сомалискиот главен град Могадишу, по експлозија на автомобил бомба на влезот од зградата, соопшти сомалиски полициски претставник. Капетанот Мохамед Хусеин соопшти дека според досегашните податоци, во моментот на нападот, во хотелот Даја во Могадишу имало десетици лица, меѓу кои и дел од вработените. Тој додаде дека од хотелот и понатаму се слушаат истрели од огнено...

Извлечени уште шест тела од затрупаниот хотел во Италија

Уште шест тела беа извлечени од хотелот во централниот дел на Италија, на кој пред речиси една недела се урна снежна лавина. Спасувачките екипи сè уште бараат 17 исчезнати лица. Сега е потврдено дека 12 лица смртно настрадале откако лавината го прекри хотелот „Ригопијано“. Спасувачите не губат надеж дека ќе пронајдат преживеани, откако вчера под урнатините и под снегот беа пронајдени три живи кутриња. Во...

Пронајдени шест тела во затрупаниот хотел во Италија

Спасувачките екипи пронајдоа тела на шест лица кои загинаа откако снежна лавина го затрупа хотелот „Ригопијано“ во централниот дел на Италија. Спасувачите сè уште трагаат по 23 лица. Италијанските медиуми јавуваат дека спасувачите вчера успеале живи да извлечат девет лица, од кои четири се деца. Операциите за спасување продолжуваат иако се спроведуваат под исклучително тешки временски услови. Некои од спасувачите велат...

Шест преживеани пронајдени во затрупаниот хотел во Италија

Шест лица се пронајдени живи под урнатините на хотел во планинска област во италијанскиот регион Абруцо. Врз хотелот пред два дена се урна лавина, а претставниците на противпожарните бригади наведуваат дека преживеаните допрва треба да бидат извлечени. Првиот контакт со преживеаните е воспоставен околу 22 часот, јавува италијанската агенција. Снежна лавина во средата го затрупа малиот хотел во кој имало 30 гости, меѓу...

Трае потрагата по 35 лица исчезнати во лавината што погоди хотел во Италија

Спасувачките екипи извлекле три тела од хотелот „Ригопиано“, во италијанскиот регион Абруцо, кој синоќа беше погоден од снежна лавина предизвикана од серијата земјотреси кои вчера ја потресоа Италија, јавува „Би-би-си“. Во меѓувреме трае потрагата по 35 лица кои биле во хотелот за време на лавината, а кои се водат како исчезнати. Проблемите предизвикани од големиот снег и од земјотресите ги...

Снежна лавина погоди хотел во Италија, повеќемина загинати

Повеќе лица ги загубиле животите во италијанскиот регион Абруцо кога хотелот во кој биле сместени го погодила снежна лавина, јавува „Би-би-си“. Се претпоставува дека лавината била предзивика од земјотресите што вчера го потресоа централниот дел на Италија. Спасувачките екипи во текот на ноќта се обиделе да стигнат до хотелот на планината Гран Сасо, во централниот дел на Италија. „Има многу мртви“, изјавил...

Завод и музеј Охрид не се надлежни за издавањето одобрение за хотелот во Лагадин

Од охридската локална самоуправа сметаат дека нема ништо спорно во изградбата на хотелот на Лагадин, а од Завод и музеј Охрид се произнесоа дека немаат надлежност околу издавањето одобрение за градба на хотелот во Лагадин. - НУ Завод и Музеј од Охрид нема надлежност да изработи заштитно-конзерваторски основи за општ акт за село Лагадин ниту, пак, има каква било надлежност при...

Нема ништо спорно во изградбата на хотелот кај Лагадин, тврдат од Општина Охрид

Нема ништо спорно во одобрението за изградба на хотел кај Лагадин, се огласи денеска со прес-конференција локалната самоуправа во Охрид. Лилјана Јоноска од секторот за урбанизам, давајќи комплетен хронолошки приказ за целосната постапка за издавање одобрение, рече дека одлуката е донесена на Совет на Општина Охрид на 14 октомври 2015 година, по што е добиена согласност од Министерството за транспорт...

Интернет-петиција против изградбата на хотел во Лагадин

Локалната самоуправа од Охрид нема намера да се откаже од изградбата на голем хотелски капацитет, на растојание помало од 50 метри од езерскиот брег, во населбата Лагадин. Јавноста е збунета, особено затоа што токму овој објект е една од причините што може да ја прелее чашата и УНЕСКО, дефинитивно, да ги избрише градот и езерото од светската листа на природни...

Арсова: Урбаната мафија ќе гради хотел во заштитениот зелен појас во Лагадин

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и познатата алпинистка и активистка за заштита на природните богатства, Илина Арсова, предупредуваат дека во охридската населба Лагадин ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас. – И покрај приговорот што жителите на Лагадин го потпишаа со 99-процентно учество, противејќи се на урбанизацијата на крајбрежјето и на непланското менување на деталниот урбанистички план, односно, по ново, општиот...

Граѓанската асоцијација „Мост“ информираше за прес-конференциите за денот на изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ информираше дека на денот на изборите (11 декември) потврдените информации од набљудувањето ќе ги соопшти на четири прес-конференции, во 9, 11, 14 и во 19 часот, во прес-центарот кој ќе биде сместен во хотелот „Александар палас“. На прес-конференција што асоцијацијата ќе је одржи утре, со почеток во 11 часот, ќе биде најавен почетокот на набљудувањето и неговиот тек.

„Охрид СОС“: Продолжува негрижата за животната средина, здравјето и за квалитетот на живот на граѓаните

Во текот на изминативе две години, локалните власти во Охрид и владата наголемо најавуваа големи инфраструктурни проекти во Охридско и покрај предупредувањата од домашни и од странски експерти дека реализација на тие проекти ќе значи дефинитивно уништување на значајни и уникатни екосистеми. Со ваква реакција се огласија од невладината „Охрид СОС“, како што велат, испровоцирани од последните случувања во Охрид...

Во пожар во Пакистан загинаа 11 лица, 75 се повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 75 се повредени во голем пожар кој изби во хотел во пакистанскиот град Карачи. Како што пренесуваат светските медиуми, пожарот се случил во хотелска кујна, а причината за избивањето уште не е позната. Помеѓу загинатите има и странски државјани, а поголемиот дел од повредените се префрлени во болница со повреди на екстремитетите откако скокнале...

Компанијата „Камфуд“ ќе гради хотел во Охрид

Македонската компанија „Камфуд“, заедно со еден од најреномираните светски хотелски брендови, чиешто име засега не се открива, ќе изгради хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридско Езеро. - Преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супермодерен објект по највисоки стандарди и ќе...

Кабул: Бомба пред хотел, настрадале напаѓачите и полицајци

Пред хотелот „Нортгејт“ во Кабул, популарен меѓу странците, синоќа експлодира камион-бомба, а одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Светските агенции наведуваат дека бројот на жртвите е релативно мал, имајќи предвид дека силната експлозија се чула надалеку низ престолнината на Авганистан. Тие пренесуваат и изјава на шефот на кабулската полиција, Абдул Рахман Рахими, кој рекол дека загинал еден напаѓач, кој ја детонирал бомбата,...

Вооружен маж се забарикадирал во хотел во Франција

Вооружен маж, наводно, се забарикадирал во хотел во Јужна Франција, а полицијата го блокирала пристапот до објектот во периметар од 250 метри. Засега не се познати мотивите на вооруженото лице, јавуваат француските медиуми. Полицијата, заедно со екипите за брза помош, се наоѓа на местото на инцидентот, односно хотелот на „Формула 1“ во Болн. Хотелот е евакуиран.

Најмалку 14 загинати во терористички напад во Сомалија

Најмалку 14 лица загинале во силна експлозија што вчера се случила во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите се и тројца припадници на обезбедувањето на хотелот. Полицијата соопштила дека бомбаш самоубиец активирал возило полно со експлозив пред влезот на хотелот, по што вооружени лица влегле во објектот и отвориле оган. Безбедносните сили успеале да убијат...

Соба во „Мериот“ ќе чини од 128 до 176 евра, а претседателскиот апартман – повеќе од 500 евра

Цените за изнајмување соба во новоотворениот скопски хотел „Мериот“ се од 128 евра до 176 евра за една ноќ, во зависност од типот на собата, а достапни за резервација се од 15 мај, пишува на веб-страницата www.marriott.com. Да се изнајми претседателскиот апартман, кој е во понудата на хотелот, но сè уште не е готов, ќе чини повеќе од 500 евра од вечер, а апартманот се наоѓа...

„Мериот“ ги отвори вратите за првите гости

Хотелот „Мериот“, на скопскиот плоштад, денеска ги отвори вратите за првите гости. Објектот се градеше шест години, а инвестицијата чини околу 30 милиони евра. - Во хотелот вложивме многу труд, љубов и финансии. Овој објект го градеа компании од Македонија, а техничка поддршка имавме од брендот „Мериот“. Преку него влеговме во хотелската мапа на светот - изјави инвеститорот Александар Ивановски, сопственик на...

Дебранин изнајмил хотелска соба во Струга во која снабдувал нарко-корисници

Дебранин, на 21 година, изнајмил хотелска соба во Струга, каде снабдувал нарко-корисници, овозможувајќи им консумирање наркотична дрога хероин. Поради постоење основи на сомнвање за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава. - На 26 јануари оваа година, пријавениот е затекнат во вршење на кривичното дело во еден хотел во...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...