fbpx

Во воздушен напад на јеменски хотел загинаа 20 лица

-

Најмалку 20 лица, поголемиот дел цивили, загинаа во воздушен напад од саудиските воздухопловни сили на хотел во јеменскиот главен град Сана.

Официјални лица рекоа дека станува за хотелот „Марина“, лоциран во јужниот дел на Сана.
Ова се случува откако коалициските воздушни сили извршија напади против хутските сили во Сана во петокот и убија најмалку 40 цивили, а беа повредени најмалку 130 лица.

Официјалните бројки на ОН покажуваат дека речиси 4.900 луѓе се убиени откако саудиските сили го почнаа бомбардирањето на Јемен, кон крајот на март годинава. Шефот на ОН ја нарече скалата на човечкото страдање „речиси неразбирлива“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...