fbpx

Заврши заложничката драма во Буркина Фасо, џихадистите убиени

-

Најмалку 20 лица загинаа, а многумина беа земени како заложници во нападот што го изврши Ал каеда на хотел во главниот град на Буркина Фасо. Синоќа најмалку тројца вооружени мажи го нападнаа хотелот „Сплендид“ и држеа заложници во текот на ноќта.

Пред тоа два автомобили-бомба експлодираа пред хотелот.

Безбедносните сили утринава извршиле контранапад и ги ослободиле заложниците.

Ослободени се 126 заложници, а тројца напаѓачи се убиени, изјави министерот за внатрешни работи на Буркина Фасо, Имон Компаоре. Како што рече тој, меѓу убиените џихадисти е и еден Арап и двајца Африканци.

Помеѓу ослободените заложници е и министерот за работа на Буркина Фасо, изјави министерот за комуникации Ремис Данџин.

Терористичката организација Ал каеда презеде одговорност за нападот.

Повеќе од 30 луѓе кои биле сместени во хотелот се наоѓаат во болница. Поголемиот дел од гостите на хотелот кој беше нападнат се државјани на западни земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...