fbpx

Официјално отворен хотелот „Ибис“, кој почна да работи во февруари

-

Хотелот „Ибис“ денеска беше официјално отворен за јавноста, иако почна да работи во февруари годинава.

Менаџерката на хотелот, Катерина Илиевска, изјави дека со присуството на овој хотел во Скопје, Македонија се впишува на светската мапа на туризмот и директно придонесува за негова афирмација.

Хотелот е дел од групацијата „Акор хотелс“ („Accor Hotels“), хотелски синџир кој е присутен во 92 земји во светот со повеќе од 3.700 хотели и 480.000 хотелски соби.

Целта на носењето на брендот е да се подигне нивото на угостителски услуги и со тоа да се создадат услови за подобар пораст и конкурентност на пазарот.

– Отворањето на „Ибис сити центар“ претставува пресвртница во нашата групација, но и за самиот бренд. Овој водечки хотел беше развиен во партнерство со „Орка холдинг“, сопственик на хотелот под брендот „Ибис“ – изјави регионалниот менаџер на „Акор хотелс“, Френк Рул.

Хотелот располага со 110 соби, бар кој работи 24 часа, како и сопствено паркиралиште за велосипеди, со можност за нивно изнајмување од посетителите.

Инвестицијата во Македонија е вредна 6 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...