fbpx
Таг: Движење за реформи на ДПА

таг: Движење за реформи на ДПА

Зијадин Села в понеделник првпат ќе се појави во јавност по нападот

Претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, првпат по нападот во Собранието на 27 април, кога беше брутално претепан, ќе одржи прес-конференција в понеделник, извести портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. „ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција на нашиот претседател Зијадин Села....

Таравари: Состојбата на Села се подобрува, бараме итна истрага за овој напад

Здравствената состојба на Зијадин Села се подобрува, среќен сум дека на тоталитарниот фашизам на Груевски му дојде крајот, изјави Арбен Таравари, секретар за Движење за реформи на ДПА во партиското седиште. - Највисоката цена на оваа капитулација ја платија невини луѓе кои беа брутално истепани, од кои најмногу настрада претседателот на ДР ДПА, Зијадин Села, кој беше претепан до тој...

Села: Досегашните предлози за употреба на албанскиот јазик за нас се неприфатливи

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села. Претседателот на Движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик. - Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра...

Движење за реформи на ДПА: Македонија да стане бинационална држава преку промена на Уставот

„Со протестот кој го одржавме во Скопје на 22 април, покажавме дека освен на Македонците, постои и проблем на Албанците, кои сè уште во оваа држава се борат за рамноправност“, истакнаа од Движењето за реформи на ДПА, попладнево на прес-конференција. Оттаму посочија дека нивните барања се јасни, а тоа е промена, како што рекоа, на режимот кој владее во Македонија и промена на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...