fbpx

Таравари: Состојбата на Села се подобрува, бараме итна истрага за овој напад

-

Здравствената состојба на Зијадин Села се подобрува, среќен сум дека на тоталитарниот фашизам на Груевски му дојде крајот, изјави Арбен Таравари, секретар за Движење за реформи на ДПА во партиското седиште.

– Највисоката цена на оваа капитулација ја платија невини луѓе кои беа брутално истепани, од кои најмногу настрада претседателот на ДР ДПА, Зијадин Села, кој беше претепан до тој степен и ја изгуби свеста. Беше влечен низ парламентот од институционалните терористи кои мислеа дека тој е умрен. Триумфираа канибалски врз телото на еден повреден Албанец. Бараме итна истрага за овој терористички напад, не само врз него туку кон секој нападнат пратеник, новинар, камерман и која било друга невина личноста што вчера беше заложник на терористичкиот напад што се случи врз Собранието. Дали требаше да почине Зијадин Села за да има избори? ДР ДПА ги осудува и инсистира овие институционални терористи на законски начин да одговараат итно – рече Таравари.

Таравари ги замоли сите Албанци да продолжат со сочувавање на европската смиреност и им се заблагодари на сите што им дале поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...