fbpx
Таг: Договор со Грција

таг: Договор со Грција

Заев: Решението е тешко, Грција доби ерга омнес име, ние добивме ерга омнес идентитет

Решението кое што го постигнавме со Грција е тешко, тешко е за мене, тешко е за мојот народ, но европската аспирација и нашата должност кон идните генерации се премногу големи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Еуроактив“. На прашањето дали опозицијата ќе го отежни имплементирањето на Договорот, Заев вели дека таа е контрадикторна односно истовремено е против измена на...

Тачи: Договорот со Грција е историски и многу значаен

Договорот меѓу Македонија и Грција за спорот со името е историски и многу значаен за иднината на земјата, оцени лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во интервју за Новинската агенција „Журнал“ и „ЖурналТв“. – Договорот е историски и многу важен за иднината на земјата. Без овој договор иднината на Македонија ќе продолжеше да биде под знак прашалник....

Пратениците на 5 јули повторно ќе гласаат за Договорот со Грција

Собраниската седница на која повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за спорот за името ќе се одржи на 5 јули, договориле на денешната координативна средба претседателот на Собранието, Талат Џафери, и координаторите на пратеничките групи. Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и 40...

Џафери: Собранието мора да ја прекине лошата пракса на Иванов да не потпишува закони

Доколку не го потпише и законот за ратификација на Договорот со Грција откако и по втор пат ќе биде изгласан со Собранието, претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе воведе лоша пракса на мешање на надлежностите на властите односно преземање на надлежностите кои му припаѓаат на Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинари. -...

Локалните власти од Северна Грција бараат референдум за Договорот од Преспа

Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“. На вчерашниот проширен состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија,...

Пендаровски: Утре чекаме официјална најава за покана во НАТО

Утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание. - Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските...

ВМРО-ДПМНЕ: Државата остана надвор од ЕУ поради неспособноста на власта

Зоран Заев е товар кој ја обременува и влече надолу Република Македонија. Државата остана надвор од структурите на ЕУ поради неспособноста на власта, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ во својата изборна програма ветуваше датум за почеток на преговорите до крајот на 2017 година и излажа. Зоран Заев лично ветуваше дека мора да се брза со ратификацијата на капитулантскиот договор за промена...

Јанакакис: Ве поддржуваме во ЕУ и НАТО, сега сѐ зависи од земјите членки

Грчкиот амбасадор во Македонија, Димитрис Јанакакис, денеска изјави дека Грција ја поддржува нашата земја во ЕУ и НАТО врз основа на договорот од Преспа, но, според него, сега сè е во рацете на земјите членки. – Оваа земја има аспирација да стане членка на ЕУ и на НАТО. Грција врз основа на договорот од Преспа ги поддржува овие напори, но...

Мицкоски: Македонија не доби датум за преговори, туку датум за проценка

Договорот за името со Грција е капитулантски и ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на седниците за овој договор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција. Мицкоски вели дека Македонија не добила датум за преговори, туку датум за преоценка на состојбите. - Македонија не доби чиста препорака веднаш, како што впрочем ветуваше Зоран Заев и Владата, туку само надеж...

Бошњаковски: Добивме признание дека сме земја на позитивни промени и реформи

Одлуката на ЕУ Македонија да започне преговори за членство во јуни 2019 година, покажува дека Македонија е препознаена како земја на позитивни промени и динамични економски реформи, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ја вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да даде условена препорака за преговори во јуни 2019. - Македонија е препознаена како...

Бан Ки-мун: Се надевам дека набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. - Сметам дека е многу охрабрувачки фактот што и двете страни се...

Влада: Одлуката на Иванов е очекувана, но не влијае на имплементацијата на Договорот

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана и потенцираат дека не влијае на имплементацијата на договорот. – Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе...

Заев: Ќе поднесам оставка ако референдумот не успее

Премиерот Зоран Заев во интервју на телевизијата „1тв“ изјави дека е сигурен дека референдумот за договорот со Грција ќе успее, но доколку не се случи тоа ќе поднесе оставка. - Ќе си заминам ако не успее референдумот во Македонија, но многу сум сигурен дека ќе успее. Очекувам огромна поддршка од граѓаните и сериозни проценти на поддршка, 77 до 85 отсто,...

Иванов: 534.910 граѓани ми дадоа мандат да не го потпишам Договорот со Грција

Врз основа на член 75 од Уставот, донесов одлука да не го потпишам Договорот со Грција, вели претседателот Ѓорге Иванов во писмото до Собранието, што беше денеска препратено до медиумите. Тој набројува пет причини зошто нема да го потпише Договорот и потенцира дека во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапува одговорно и дека своите права и должности...

Столтенберг: Поканата за влез во НАТО во јули, прием по референдумот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но вели дека приемот на земјата ќе...

Мицотакис: Договорот ги труе односите меѓу двете земји и двата народа

Договорот наместо да ги подобри, може да ги влоши односите меѓу двете земји и двата народа, изјави претседателот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на конференција во Солун. Тој кусо ги претставил економските врски на Македонија и Грција, напомнувајќи дека грчкиот извоз лани достигнал 642 милиони евра, наспроти 556 милиони во 2016, а увозот е стабилен на околу 225...

Мицотакис: Владата ѝ ги отстапи македонскиот јазик и националност на соседната земја

Алексис Ципрас на соседната земја и отстапи нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик, рече лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис од Кукуш, каде што присуствуваше на свечената манифестација по повод 105-годишнината од ослободувањето градот. – Ја посетувам Македонија во еден емотивно затегнат момент. По провокативното славење во Преспа, се повеќе Грци разбираат дека...

Бошњаковски: Грција и Македонија го прифаќаат терминот „Македонец“ и за двете земји

Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бошњаковски објаснува дека според членот 7 од...

Собранието го ратификуваше Договорот со Грција, за Заев ова е крај на трауматичен спор

Собранието со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, го ратификуваше Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата и не присуствуваа на гласањето. На почетокот на расправата, премиерот Зоран Заев рече дека Договорот потпишан во Преспа е решение за спор кој три децении бил трауматичен за Македонија и дека ова...

Договорот со Грција ги помина комисиите, пратениците денеска ќе го ратификуваат

Договорот за решавање на спорот со името кој во неделата го потпишаа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, денеска треба да биде ратификуван на пленарна седница во Собранието во 11 часот. Договорот вчера ги помина комисиските расправи во Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Комисијата за европски прашања, која го разгледуваше...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...