fbpx

Договорот со Грција ги помина комисиите, пратениците денеска ќе го ратификуваат

-

Договорот за решавање на спорот со името кој во неделата го потпишаа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, денеска треба да биде ратификуван на пленарна седница во Собранието во 11 часот. Договорот вчера ги помина комисиските расправи во Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Комисијата за европски прашања, која го разгледуваше Договорот затоа што владата му стави европско знаменце, член по член, го објаснуваше постигнатиот договор со Грција.

– Ако не ми беше мирна совеста, немаше да го потпишам договорот и немаше денеска да бидам овде пред вас. Договорот е компромис, со кој и ние и нашите грчки пријатели настојувавме низ сите овие месеци да го зачуваме тоа што ни е најбитно. Ние од наша страна се обидувавме и успеавме да го зачуваме идентитетот и сите атрибути на македонскиот народ, а Грција се обидуваше да добие дистинкција меѓу Македонија – државата и Македонија – регионот во Грција. Тоа е суштината на оваа спогодба – рече Димитров во образложението.

Според него, предлог-законот бил ставен по скратена постапка, за да може Грција да го извести Советот на ЕУ дека нема забелешки, ако помине ратификацијата на договорот во Собранието. Тој додаде дека спогодбата не е идеална и совршена, туку компромис на двете страни.

– Кога опозициите во Грција и во Македонија изјавуваат дека спогодбата е срамна и капитулантска, тоа кажува дека се работи за компромис – рече Димитров.

Седницата се одржа без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не учествува во работата на Собранието по договорот со Грција за името. На седницата не беше поднесен ниту еден амандман за предлог-законот за ратификација на договорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...