Пендаровски: Утре чекаме официјална најава за покана во НАТО

-

Утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.

– Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО – рече Пендаровски.

Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажала завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.

– Првиот пат тоа беше во 2001 година кога имавме внатрешен конфликт, а само четири години подоцна во 2005 добивме статус кандидат за ЕУ. Вториот пат кога се вративме од работ е мината година кога по 11 години тврд автократски режим, за само една година добивме покана за членство во Алијансата. Сега, една година по упадот во Собранието разговараме Македонија да стане членка на Алијансата и начелно договорен датум за преговори со ЕУ за јуни следната година – оцени Пендаровски.

Тој додаде дека во изминатата година Македонија затворила три крупни стратешки прашања – првото е потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, што според него било камен на сопнување за приближувањето кон ЕУ. На внатрешен план е донесен Законот за јазици – стожерен елемент на Рамковниот договор и последното е потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот со името.

Пендаровски потсети дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, имајќи предвид дека околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност, што не е случај со останатите земји аспиранти.

За придобивките од НАТО денес, вели дека иако нема закана по територијалниот интегритет на земјава, светот се соочува со друг вид закани како хибридни војни, кибер напади и ефектот од лажните вести што можат да направат прилична штета на економијата во земјата.

Тој заклучи дека за разлика од ЕУ, во НАТО нема замор од проширувањето, во НАТО никој не размислува за Брегзит, а за напуштање на Алијансата не размислуваат ниту Исланд кој нема армија, а ниту ни Луксембург чија армија брои 450 војници.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...