fbpx

Тачи: Договорот со Грција е историски и многу значаен

-

Договорот меѓу Македонија и Грција за спорот со името е историски и многу значаен за иднината на земјата, оцени лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во интервју за Новинската агенција „Журнал“ и „ЖурналТв“.

– Договорот е историски и многу важен за иднината на земјата. Без овој договор иднината на Македонија ќе продолжеше да биде под знак прашалник. Многу пати кога сум изјавил дека се ризикува иднината на Македонија ако не се постигне овој договор, овие мои изјави биле оценети како радикални и екстремни, но ова е вистината. Покрај економскиот развој и интеграциите, кои се дел од другите земји од регионот, договорот содржи и еден многу важен процес, а тоа е процесот на хармонизација на меѓуетничките односи – вели Тачи.

Зборувајќи за одлуката на шефот на државата, Ѓорге Иванов да не го потпише законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција, Тачи вели дека нема никакво разбирање за оваа одлука која го попречува иднината на земјата.

– Немам никакво разбирање. Луѓе и групи кои се борат против овој договор, како прво се против самиот народ – смета Тачи.

Додека за непотпишувањето на указот за Законот за јазици од страна на претседателот Иванов, Тачи смета дека е иронична одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...