Собранието го ратификуваше Договорот со Грција, за Заев ова е крај на трауматичен спор

-

Собранието со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, го ратификуваше Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата и не присуствуваа на гласањето.

На почетокот на расправата, премиерот Зоран Заев рече дека Договорот потпишан во Преспа е решение за спор кој три децении бил трауматичен за Македонија и дека ова е почеток на крајот на неизвесноста која се заканувала дека ќе биде недогледна.

-Постигнавме достоинствено и прифатливо решение за двете страни. Имаме договор со јасни обележја на нашето, на нашиот македонски јазик. Јазикот и идентитетот се македонски. Потписите во Преспа го заштитија нашиот идентитет за век и векова. Никому ништо не сме му подариле, ниту некој ни одзема нешто. Овој храбар чин е решение, кој е во интерес на граѓаните на двете земји. Се издигнавме над стравот. Повикувам да ги отфрлиме ѕидовите на изолација и ксенофобија и да му дадеме шанса на решението, а граѓаните ќе го имаат крајниот збор – рече Заев.

Според премиерот со гласањето на Договорот во Собранието, извесно е дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, а дека НАТО ќе стане реалност.

-Наместо со горчина и гнев од денеска натаму заедно да ги испишуваме овие страници на нашата иднина, со љубов, со надеж, заедништво, солидарност, взаемна радост. Ајде заедно да ги поведеме нашите граѓани заедно кон безбедна и економски стабилна земја. Ова е историски чин и со гласање во парламентот нашите граѓани ќе имаат шанса да донесат одлука за каква иднина се залагаат. Вие, пратениците, сте првата алка која што ќе им овозможи на граѓаните да го остварат демократското право на изјаснување – додаде Заев.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ рече дека денешната одлука во Собрание, ја бетонира државноста на Македонија и ја овозможува иднината. Тој вели дека денешниот ден е раскрсница и дека секој од нас а и граѓаните треба да одлучат во која насока ќе се движиме.

-Оваа раскрсница е невообичаена, првата насока е самотија, изолација, втората насока е дестабилизација и несигурност, третата е исток а четвртата е запад. Јас и сите ние заедно овој пат сме на правилната страна на историјата. Херојство е да обезбедиш сигурна иднина за твоите деца, нивните деца и децата по нив. Секој од нас треба да се запраша што правел на пресудниот ден, дали преземал одговорност или со наведната глава и заминал во партиско седиште. Денеска е прекрасен ден, најубав ден, денеска навистина се раѓа новото сонце, вистинското сонце на слободата, правичното сонце – вели Груби.

Костадинов Костадин рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најмалку што можеле да направат е да дојдат и да гласаат против спогодбата, но и дека имаат одговорност за нивните одлуки.

– Решаваме нешто што не беше лесно да се реши, најлесно ќе беше да го оставиме настрана, да продолжиме да живееме во минатото. А иднината ќе беше се подалеку. Граѓаните ни ја дадоа довербата да ги решаваме проблемите, одговорно и државнички решивме да му погледнеме на проблемот во очи – рече Костадинов.

Фросина Ременски од СДСМ смета дека Собранието уште еднаш е исправено пред историска одлука која треба да го трасира европскиот пат на државата. Шпреса Хадри од ДУИ потенцираше дека на партијата од секогаш главна цел и било интеграција во ЕУ и НАТО покрај охридскиот договор.

Амди Бајрам им се заблагодари на премиерот и министерот за надворешни работи за ова решение и ги повика сите Роми да излезат на референдумот и да дадат поддршка.

-Оптимист сум дека 72 до 75 отсто дека референдумот ќе биде успешен – рече Бајрам.

На крајот на седницата во своите завршни зборови Заев му се заблагодари на Димитров и неговиот тим на вицепремиерите Османи Шекеринска, на останатите министри, на сите етнички заедници, на коалиционите партнери, на опозицијата и претседателот, но и на грчката страна која покажала храброст, визија и желба да гради пријателство. Како следен чекор Заев го најави референдум кој рече дека ќе се одржи крајот на септември или почетокот на октомври.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...