fbpx
Таг: блиндиран мерцедес

таг: блиндиран мерцедес

Врховниот суд ги потврди пресудите за случајот „Тенк“ за Груевски, Јанкуловска и Поповски

Врховниот суд денеска соопшти дека ги отфрлил жалбите од осудените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ и ги потврдил изречените пресуди на Апелациониот суд. Ова практично значи дека поранешниот премиер Груевски, ексминистерката за внатрешни работи Јанкуловска и нејзиниот заменик Поповски треба да одат во затвор. „Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на...

Се одложи јавната расправа во Апелација за затворската казна за Груевски

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска на самиот почеток беше одложена јавната седница на која се разгледува жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра, со која тој доби двегодишна затворска казна. Одложувањето беше поради отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на...

Апелација одлучува за жалбата на Груевски за „Тенк“, Јанкулоска на суд за истиот случај

Апелациски суд - Скопје денеска ќе одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден безмалку 600.000 евра За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач на делото, е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден...

СЈО со нови докази за блиндираниот „мерцедес“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска поднесе нови докази за случајот „Тенк“. Одбраната се спротивстави на разгледување на  доставените нови докази. По дебатата во судницата и инсистирањето на СЈО дека станува збор за битни докази кои треба да бидат прифатени од судот, беше дадена пауза за да се произнесе судечкиот совет, а по неа приговорот на одбраната беше отфрлен. СЈО како...

Дејан Митревски – Урко ќе сведочи на рочиштето за „Тенк“

Во Основниот суд Скопје 1 заденеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. Тој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес вреден близу 600.000 евра. Пред Судот денеска исказ треба да дадат нови сведоци, меѓу кои и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...