Врховниот суд ги потврди пресудите за случајот „Тенк“ за Груевски, Јанкуловска и Поповски

-

Врховниот суд денеска соопшти дека ги отфрлил жалбите од осудените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ и ги потврдил изречените пресуди на Апелациониот суд. Ова практично значи дека поранешниот премиер Груевски, ексминистерката за внатрешни работи Јанкуловска и нејзиниот заменик Поповски треба да одат во затвор.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година одлучи по предметите по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Никола Груевски беше осуден на две години затвор за примање награда за противзаконито влијание за набавката на луксузниот автомобил „мерцедес“, додека Гордана Јанкуловска беше осудена на четири години затвор поради тоа што со умисла го поттикнала нејзиниот заменик Ѓоко Поповски да стори кривично дело „злоупотреба на службената должност“. Ѓоко Поповски со пресудата на Апелациониот суд веќе ја издржува досудената затворска казна од четири години и шест месеци.

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти,...