!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

СЗО зависноста од компјутерски игри ја стави на листата на ментални нарушувања


Женева, 5 јануари, 2018 - 11:02 (META) 

Светската здравствена организација (СЗО) ги додаде зависноста од компјутерски игри и рискантното играње компјутерски игри, на нивната нацрт – листа на ментални нарушувања поврзани со зависности.

Според дефиницијата на СЗО, првото нарушување го карактеризира шема на однесување поврзано со постојано играње дигитални игри или навраќање на такво однесување манифестирано преку „нарушена контрола на играњето, зголемен приоритет кој се дава на играњето наспроти другите интереси во животот и дневните активности, продолжување или ескалација на играњето, наспроти појава на негативни последици.“

СЗО исто така го дефинира рискантното или хазардерско играње компјутерски игри како „шема на играње, било преку онлајн или офлајн, која забележително го зголемува ризикот од штетни последици по физичкото или менталното здравје на индивидуата или лицата од нејзината околина.“

„Здравиот разум и објективните истражувања докажаа дека видео-игрите не создаваат зависност. Исто така, ставање официјална етикета на терминот неодговорно, ги тривијализира менталните нарушувања како депресија и социјална анксиозност, кои заслужуваат лекување и целосно нимание од медицинската заедница“, велат од „Ентертејнмент софтвер асосиејшн“ (ЕСА), претставникот на индустријата за видео-игри од САД, кој во истовреме и побара од СЗО да ја промени оваа одлука.

Британската експертка за социјални медиуми, Силвија Коршак го поздрави додавањето на овие нарушувања на листата од СЗО, како храбар потег кој ќе им помогне и на медицинските професионалци кои се занимаваат со превенција и лекување зависности, а и ќе поттикне поширока јавна дебата за овие прашања.

„Играњето компјутерски игри не е баш табу тема, но мислењата за него се поделени и често не се базираат на факти, што воопшто не им помага на луѓето кои уживаат во него и имаат позитивно влијание, ниту пак на играчите кои се соочуваат со форми на зависност, при што не може да побараат професионална помош. Иако се појавуваат се повеќе програми за одвикнување, кампови или други идеи за помош, просечните родители или брачни партнери имаат реален проблем при соочувањето, бидејќи и онлајн и мејнстрим медиумите не заплашуват, па дури и преплашуваат, без да посочат практични решенија,“ напиша Коршак на нејзиниот блог.

Сепак, и покрај ова предупредување од страна на СЗО, новокласифицираните нарушувања не се фокус на нивната работа. На нивниот веб-сајт тие укажуваат дека најголемите здравствени проблеми на светско ниво во 2017 година биле поврзани со недоволното вакцинирање против заразни болести како менингитисот, намалување на смртноста од колера и глад.

Фото: Piotr Drabik via Wikipedia, CC BY 2.0.


Сугарески се сретна со претставници на авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“


Скопје, 31 август, 2017 - 13:28 (META) 

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретна со претставници од авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“, на која присуствуваше и амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски.

На средбата се разговарало и за можноста за воспоставување летови и од аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со што би се заголемиле капацитетите на искористенот на овој аеродром.

Сугарески ги презентирал можностите и условите што ги нуди Македонија на авиокомпаниите кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми.


Откажани неколку летови, маглата го отежнува сообраќајот


Скопје, 3 февруари, 2017 - 10:55 (META) 

Авионските летови кон Виена, Загреб и кон Истанбул утринава се откажани, пишува на официјалната веб-страница на „ТАВ аеродроми“. Според информативната табла за закажани летови, ситуацијата со откажани и со одложени летови постојано се менува.

Причина за откажувањето на летовите е маглата, а секоја од авиокомпаниите самостојно одлучува дали нивниот авион ќе полета во услови на намалена видливост.

Маглата го отежна и сообраќајот на државните патишта, па според информациите на Автомото-сојузот на Македонија, видливоста е намалена до 50 метри на патните правци Велес – Штип и Струмица – Ново Село, додека видливост околу 100 метри има во Куманово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани и во Демир Капија.


Брисел почна истрага за владиното субвенционирање нискобуџетни авиолетови


Брисел, 2 јуни, 2016 - 17:15 (META) 

Портпаролот на Европската комисијата, Јакуб Адамовиц, потврди дека Брисел почнал истрага за владиното субвенционирање на нискобуџетни авиолетови кои за македонските граѓани обезбедуваат евтини летови.

Според Адамовиц, Брисел е свесен за загриженоста на некои авиокомпании и аеродроми на Балканот во однос на она што се случува во Македонија, за што, според него, од ЕК се во контакт со надлежните власти во македонската држава.

– Соработката во авијацијата меѓу ЕУ и БЈР Македонија е водена од заедничката европска авијациска област и во тој контекст ние не сме запознати дека некои авиокомпании бараат истрага од Комисијата во однос на финансискиот поттик што Владата на БЈР Македонија можеби го дава на авиокомпании што оперираат од аеродромот во Скопје – истакнал портпаролот на Европската комисија, Јакуб Адамовиц.