fbpx
Таг: акциза

таг: акциза

Од утре цигарите поскапуваат за 5 денари

Од утре цигарите ќе имаат нова цена - тие поскапуваат за 5 денари, а тоа е резултат на стапување на сила на измените на Законот за акцизите, донесен пред неколку дена. Со законските измени се очекува во буџетот да се внесат околу 13 милиони евра годишно. Повисоки цени ќе имаат и пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари. По...

Запленети над 200 килограми тутун од пазари, возила и од нелегални продавници

Полициски службеници од криминалистичка полиција и од економски криминал, во заедничка акција со царински службеници, претставници од УЈП и од Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје денеска спровеле акција против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки. Од Министерството за внатрешни работи (МВР)...

Цената на бензинот од ноќеска се намалува за 6,5, а на дизелот за девет денари, одлучи РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска заседаваше и донесе одлука со која од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата. Одлуката следува по законските измени на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата кои синоќа ги изгласа Собранието. Регулаторната комисија одлучи цената на бензинот да ја намали за 6,5...

Основните прехранбени продукти ослободени од ДДВ, намалена и акцизата за горивата

Собранието на С. Македонија доцна синоќа ги усвои измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со оваа одлука од  данок на додадена вредност се ослободуваат лебот, шеќерот, белото брашно, маслото за јадење, јајцата и оризот, додека за горивата ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто. Пратениците ја намалија и акцизата на сите видови горива од...

Наместо еколошка такса, постојаното менување на законите доведе до намалување на цената на дизелот

Збрка од предложени и применети законски решенија за цената на нафтените деривати, за само еден месец. Наместо од почетокот на јули да се воведе еколошката такса од 3,5 денари за горивата како што најавија од Владата, најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, предвидува намалување на акцизата за 2 денара за литар Еуродизел (Д-Е V) поради...

Владата ја изедначи цената на акцизата на екстра-лесното масло со онаа на дизелот

Владата на вчерашната седница донесе одлука за изедначување на акцизата на екстра-лесното масло за домаќинство со акцизата на дизел горивото. Таа донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на дизелот, кој се користи како погонско...

Сугарески: Демократско право е протестот на транспортерите, но е без аргументи

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи го денешниот протест на транспортерите поради зголемување на акцизата на горивата, рече дека протестот е неспорно демократско право на сите, но три клучни аргументи се против оправданоста на тој протест. „Прво, зголемувањето на акцизата е поради солидарност со граѓаните. Не е никаков товар за никого. Второ, цената на нафтата во моментов е...

Владината уредба за акцизите на нафтата ќе остане на сила речиси до Нова Година

Очекува ли Владата нестабилноста на нафтениот пазар поради кризата предизвикана од корона вирусот да трае подолг период е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека новата Уредба со која се зголемуваат акцизите за нафтените деривати се предвидува да трае за време на вонредната состојба, но и седум месеци по нејзиното завршување. Со Уредбата од 5 мај, годинава се...

Бензините од утре поскапи за три и пол денари, дизелот за денар и пол (инфографик)

По владината одлука за зголемување на акцизата на нафтените деривати за три денари, Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената по која граѓаните од утре ќе можат да набавуваат нафтени деривати од бензинските станици во земјава. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за три и пол денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за еден...

Владата ја зголеми акцизата на нафтените деривати за три денари

Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на прес-конференција информираше дека Владата со Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите, ја зголемила цената на акцизата на нафтените деривати за три денари. „Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби. Зголемувањето на...

МАНУ за загадувањето: Да се забрани увоз на возила постари од осум години

Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и воведување казни за оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот. Тоа се дел од препораките за...

Државата останува на ставот за зголемена акциза на дизелот

Државата нема да преземе мерки во однос на континуираниот пораст на цената на нафтата и нафтените деривати и останува на ставот дека мора да остане акцизата за дизелот која од оваа година е зголемена за 3,5 денари, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во врска со поскапувањето на горивата. Тој вети мерки кои се однесуваат на транспортерите...

ВМРО-ДПМНЕ: Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани

СДСМ удри по најсиромашните, секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3,5 денари.“ „Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна спиралата...

Данев: Власта ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата

Граѓаните на Република Македонија денеска по којзнае кој пат беа сведоци дека пратениците на владејачкото мнозинство на чело со СДСМ уште еднаш ги ставија во преден план партиските и личните интереси наспроти интересите на граѓаните на Република Македонија, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија. - Иницијативата на пратеничката група на...

Обвинителството отвори истрага за затајување данок при увоз на дизел гориво

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека, отворило предистражна постапка по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво. „Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета...

Тевдовски не очекува поскапувања, откако акцизата на нафтата се зголеми за 3,5 денари

Министерот за финансии, Драган Тевдовски не очекува поскапувањa на производите по зголемувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати од 3,5 денари, што стапи на сила од вчера. - Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата. Апсолутно не очекуваме тоа да предизвика придвижување на цените...

Дизел горивото поскапо за 3,5 денари поради зголемената акциза

Првиот ден од 2018 година донесе повисока цена на дизел горивото, кое сега чини 3,5 денари повеќе од претходно, поради зголемената акциза, која порасна за толкав износ. Од денеска на бензинските станици дизел горивото чини 58,5 денари. Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш министерот за финансии, Драган Тевдовски...

Зголемувањето на акцизата за нафта помина на владина седница

На денешната 38 седница, Владата го разгледала и го усвоила предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, информираа од Владата преку соопштение. Со измената се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари. Одлуката на Владата...

ВМРО-ДПМНЕ: Поголема акциза за нафтата значи помалку пари во семејниот буџет

Со зголемување на акцизата на горивата за фрапантни 3,54 денари, ќе се одземат пари од семејниот буџет на граѓаните, изјави на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на најавеното зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати во предлог-буџетот за 2018 година. Тој додаде дека зголемувањето на акцизата на горивата ќе значи и поголем трошок за повеќе производи кои директно зависат...

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект нема да биде голем, а...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...