fbpx

Зголемувањето на акцизата за нафта помина на владина седница

-

На денешната 38 седница, Владата го разгледала и го усвоила предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, информираа од Владата преку соопштение.

Со измената се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари.

Одлуката на Владата доаѓа по најавата на Министерството за финансии дека ќе се зголеми акцизата за нафта за 3 денари односно 3,54 денари со ДДВ.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ja разгледала и информацијата за утврдување на мерки за времено згрижување на затекнатите лица под Кале и го задолжила министерството времено да ги смести затекнатите лица.

Помеѓу останатите точки, на владината седница била усвоена Програмата за изменување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година, со која ќе се обезбедат средства за поддршка на мерката „Млад земјоделец“.

Владата го усвоила и предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...