fbpx

Владината уредба за акцизите на нафтата ќе остане на сила речиси до Нова Година

-

Очекува ли Владата нестабилноста на нафтениот пазар поради кризата предизвикана од корона вирусот да трае подолг период е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека новата Уредба со која се зголемуваат акцизите за нафтените деривати се предвидува да трае за време на вонредната состојба, но и седум месеци по нејзиното завршување.

Со Уредбата од 5 мај, годинава се воведува нов начин на пресметување на износот на акцизата за безоловниот бензин и за гасното масло како погонско гориво.

„До отпочнувањето на примената на новата пресметка акцизата за безоловниот бензин со важност до 4 мај 2020 година се утврдува на 24,692 денари за литар, а износот на акцизата за гасно масло како погонско гориво се утврдува на 18,121 денари за литар. Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба“, пишува во Уредбата која веќе е објавена во Службен весник.

Одлуката за продолжување на вонредната состојба излезе во Службен весник на 17 април годинава, што значи дека таа би трабало да трае до 16 мај. Математиката покажува дека уредбата која се однесува на акцизата ќе биде на сила некаде до средината на декември, годинава односно дека „стариот“ Закон за акцизи ќе се врати две недели пред Нова година.

Од Владата денеска соопштија дека новиот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза заради корона вирусот.

„За оваа мерка да биде добро и правично решение зголемувањето на акцизата за +3 денари, ќе важи како анти-кризна мерка доколку не се промени/зголеми цената на нафтата, односно ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за -1 денар, така ќе остане покачена за +2 денари. Ако малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за -3 денари, или ќе се врати на цената која ја имаме во моментов пред воведување на оваа анти-кризна мерка“, соопшти владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...