Температурата денеска до 31 степен


Скопје, 18 септември, 2018 - 9:26 (META) 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со југоисточен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервалот од 25 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, претежно југоисточен, ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 29 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Утре на повеќе места ќе има појава на умерена облачност.


Солун, преку Србија, ќе се промовира како балканска бизнис дестинација


Солун, 13 март, 2018 - 10:10 (META) 

Грција и Србија ќе одржат бизнис-форум на 19 март (понеделник) во Солун, на кои ќе учествуваат претставници на двете влади и бизнисмени, пишува грчкиот сајт „Вориа.гр“

Тие ќе разговараат за проблемите со кои се соочува регионот, специфичното деловно опкружување, како и подобрување на условите за бизнис. Околу 150 грчки компании ќе разговараат за можна соработока со околу 75 српски компании активни во енергетиката, земјоделството, туризмот, пазарот на недвижнини, телекомуникациите и информатичката технологија и фармацијата.

Според „Вориа“, „Солун и Северна Грција одржуваат блиски контакти со регионот, главно поради изборот на соседите за да се одморат на Халкидики, Пиреја, Кавала, Тасос но и поминатите викенд и празници во Солун, на забава и шопинг.“

„Во процесот на целосно интегрирање на земјите од Западен Балкан во евроатланските структури, Белград е еден од клучните играчи. Поради големината и квалитетот на бизнисот, Србија најмногу извезува во еврозоната, но има и напредокот на структурните реформи во земјата“, пишува „Вориа“.


Земјоделците треба да ја подобрат технологијата за да ги намалат трошоците


Скопје, 23 ноември, 2016 - 13:49 (META) 

Земјоделците треба да применуваат современи технолошки решенија доколку сакаат да бидат конкуретни на пазарот, беше истакнато на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“, што денеска беше отворена во хотелот „Александар палас“.

Конференцијата треба да понуди можности за поврзување на ИКТ-секторот со агросекторот за да им се помогне на земјоделците да ги намалат трошоците и да ги зголемат приносите.

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, истакна дела земјоделството како економска гранка зазема 11 проценти од домашниот бруто-производ, но додаде дека доколку земјоделците не го транформираат својот бизнис дигитилно, нивната иднина е сосема неизвесна.

Конференцијата ќе продолжи утре.