fbpx
Таг: несреќа

таг: несреќа

Владата прогласи тридневна жалост поради трагичната автобуска несреќа во Бугарија

Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 македонски државјани. „За денови на жалост се прогласени 23, 24 и 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјава...

Медиумите за несреќата да известуваат со висок степен на професионална и морална одговорност, апелираат од СЕММ

По сообраќајната несреќа што рано изутрината се случи во Бугарија, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) апелира до медиумите да известуваат со целосна одговорност, врз основа на проверени информации и релевантни извори, без шпекулации околу причините за несреќата. „Препознавајќи го притисокот со којшто се соочуваат уредниците, новинарите и медиумските работници кога известуваат за вакви трагични настани, укажуваме на...

Еден од преживеаните во автобуската несреќа го информирал премиерот Заев дека се слушнала силна експлозија

Премиерот Зоран Заев, во изјава за МИА вели дека разговарал со еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија, кој го информирал дека се слушнала силна експлозија. „Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев, кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот кога се слушнала силна експлозија. Успеале да...

Вистиномер: Во пожарот во тетовската модуларна болница не загинаа 30, туку 14 лица

Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата, анализира „Вистиномер“. Текстот објавен вчера го пренесуваме во целост: Медиумот Точка објави дека меѓу починатите имало и...

СЕММ бара професионално известување од медиумите и транспарентност од институциите за несреќата во Тетово

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со голема загриженост ги следи прекршувањата на новинарските стандарди во известувањето за големата трагедија во Тетово и пожарот во модуларната болница, информираат од таму. Од СЕММ додаваат дека медиумите се должни, особено кога се работи за информации што се однесуваат на загуби на човечки животи, да го почитуваат Член 1 од Кодексот...

Тројца уапсени по несреќата на жичницата во Италија – намерно ја онеспособиле безбедносната заштита

Три лица се уапсени утрово поради поради падот на кабината од жичницата кај езерото Маџоре во северна Италија во неделата, при што загинаа 14 лица. Според обвинителката Олимпија Баси, уапсени се 56-годишниот сопственик на компанијата чија била жичницата, 63-годишниот директор на жичницата и 51-годишниот инжинер Енрико Перокио, поради намерно онеспособување на сопирачката за итни случаи. Според обвинителството, тоа го сториле...

Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“

Пред новото спомен обележје, лоцирано на пешачката патека кај каналот Студенчишта, денес беше одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“. По тој повод делегација на општина Охрид составена од Славица Петровска и Мишел Силјаноски, а предводена од заменик градоначалникот Ристо Николески положи цвеќе пред споменикот. Свежо цвеќе положија и директорката на државниот културен институт на Република Бугарија, Снежана Димитрова, амбасадорот...

Со кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка, загина и тричлено семејство

Во хеликоптерска несреќа загина НБА-легендата Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант која се сметаше за негова наследничка во кошарката. Помеѓу жртвите во несреќата се и семејството Алтобели, бејзбол-тренерот Џон, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за академијата „Мамба“ и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс. Според извештајот на полицијата на...

Семејствата на жртвите од несреќата кај Ласкарци ќе бараат отштета

Семејствата на дел од загинатите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, во која 16 луѓе ги загубија животите, а 37 беа повредени, се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и на денешното судење рекоа дека ќе бараат отштета. На следното рочиште закажано за 18 октомври ќе продолжи произнесувањето, кога треба да сведочат преживеаните патници. За...

Судски процес против „Дурмо Турс“: Обвинетите се чувствуваат невини

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судењето против превозникот „Дурмо Турс“, поради несреќата кај Ласкарци, при што загинаа 16 патници, пренесува „Порталб.мк“. Случајот го застапува скопскиот основен обвинител Дарко Јакимовски, а судии се Дијана Груевска-Илиевска, Александра Ристеска и тројца други судии. Во воведното обраќање, обвинителот Јакимовски рече дека било само прашање на време кога несреќата ќе се случи, бидејќи биле...

Едно лице загина, а десетина се повредени во судир помеѓу автобус и комбе

Едно лице загина, а десетина патници се повредени при судир помеѓу автобус со кратовски регистарски таблички, и комбе со скопски регистарски таблички во близина на Велес. Во сообраќајна несреќа која се случи синоќа, загина возачот на комбето во кое немало други патници. Повредените патници од автобусот пак, се згрижени во велешката болница.

Осум лица загинаа, 21 исчезнати во судир на два брода во Будимпешта

Официјално, засега осум лица загинале, а 21 се водат како исчезнати по судир на два брода вчеравечер во Будимпешта, кои пловеле по Дунав близу парламентот на Унгарија. Малиот туристички брод луксузен брод бил удрен од многу поголем, при што се превртел и потонал. На бродот имало туристи од Јужна Кореја, а меѓу исчезнатите е и петчлено семејство. Денеска по исчезнатите...

Три месеци од несреќата кај Ласкарци: Обвинителството уште „ги утврдува фактите“

Навршија три месеци од трагичната автобуска несреќа на компанијата „Дурмо турс“ кај село Ласкарци, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) сè уште не поднело обвинение за истото, пишува „Порталб.мк“. Основно јавно обвинителство соопшти дека шестмина осомничени се во домашен притвор, додека за еден е пропишана мерката надзор. „Со одлука на Основниот суд Скопје 1, на шестмина осомничени за кривично дело - Тешки...

Не, цесната не се урнала поради авионот на Ципрас!

Шпекулацијата на бугарскиот портал „BulNews“ дека авионот „Цесна“ кој падна близу Солунска Глава и во која загина четиричленото семејство од Бугарија се урнал бидејќи не му било дозволено да слета во Скопје поради летот на авионот на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше демантирана од надлежните служби во Македонија, од бугарски експерти, но и од самиот факт летот на „Цесната“...

Сите трагични воздухопловни несреќи на територијата на денешна Македонија

Авионската несреќа во која вчера кај Бегово Поле под Солунска Глава загина четиричлено семејство од Бугарија, кои летале со мал авион „Cessna P210“ е најновата во серијата воздухопловни несреќи кои се случиле на територијата на денешна Северна Македонија. Најголемата ваква несреќа се случи на 22.11.1993 година, кога патнички авион „Јак-42Д“ на македонскиот авиопревозник „Авиоимпекс“ се урна поради грешка на...

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија. На автопатот од изутрината се вршеше увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица.

Тринаесет лица загинаа во тешка автобуска несреќа кај Ласкарци на патот Скопје – Тетово

Тринаесет лица загинаа во автобуската несреќа кај Ласкарци на излез од Скопје кон Тетово, кога патнички автобус на компанијата „Дурмо турс“ со 50 патници попладнево околу 17 часот излетал од патот и се превртел, потврди вечерва министерот за здравство, Венко Филипче. Автобусот патувал на линијата Скопје - Гостивар и превезувал главно патници кои биле вработени во Скопје и се враќале...

Двајца загинати во железничка несреќа во БиХ

Две лица загинаа, а едно е потешко повредено при судир на два товарни воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина. Несреќата се случила вчера во 23.10 часот во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и директно се судрила со другата. Загинатите се железнички работници од Сараево. Eден нивни колега успеал навреме да скокне од возот...

Бројот на жртви во Џенова се зголеми на 35, 16 лица се повредени, а десетина исчезнати

Италијанските власти потврдија дека бројот на загинатите при уривањето на надвозникот кај Џенова се искачи на 35, меѓу кои има и три деца, а 16 луѓе се во тешка состојба. Десетина се водат за исчезнати. Во Лигурија денеска ќе биде прогласена вонредна состојба. Според официјалните соопштенија во моментот на уривањето, на мостот се наоѓале 30 до 35 возила. Дел од...

Се урна мост во Џенова, нема информации за повредени и загинати

Мост кој е дел од автопатот А10 се урна во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти полицијата, и се стравува дека под урнатините има луѓе и автомобили. Мостот е висок околу 100 метри, а весникот „Кориере дела сера“ објави дека под него има затрупани луѓе. „Ла Република“ објави дека тој дел од градот е густо населен. Фотографиите од местото на настанот...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...