fbpx

Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“

-

Пред новото спомен обележје, лоцирано на пешачката патека кај каналот Студенчишта, денес беше одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“. По тој повод делегација на општина Охрид составена од Славица Петровска и Мишел Силјаноски, а предводена од заменик градоначалникот Ристо Николески положи цвеќе пред споменикот.

Свежо цвеќе положија и директорката на државниот културен институт на Република Бугарија, Снежана Димитрова, амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов како и бугарскиот конзул Димитар Иванов.

“На овој ден сите наши мисли се насочени кон семејствата на настраданите од бродската несреќа, а нашите срца се исполнети со тага” рече заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.

Споменик „Солзата на Роза“, дело на архитектот Никола Сметеноски

Новиот споменик за жртвите од бродската несреќа е реализиран како иницијатива и соработка со повеќе институции од двете држави. Споменикот е наречен „Солзата на Роза“ дело на архитектот Никола Сметеноски и ја претставува симбиозата и силната врска помеѓу физичкото и духовното минато, иднината, тагата и радоста, стариот и новиот живот. Има изглед на капка која се дели на два дела, од кои едната оди надолу и симболизира солза, а другата оди нагоре и е нов почеток на испарување на водата. Страничните изгледи ја претставуваат бесконечноста. Во капка се испреплетени и 15 рози кои ги симболизираат 15-те бугарски државјани. Споменикот е изработен од ковано железо, оксидирано, премачкано со лак, а самата боја изгледа како железо кое еизвлечено од вода по изминати единаесет години.

Бродската несреќа се случи на 5 септември околу 10:30 часот. Во неа животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид до Свети Наум поради механички дефект потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај „Елешец“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...