fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Четврти ден по ред дишеме смог, дождот не го прочисти воздухот

Високото ниво на загадување на воздухот продолжува низ целата земја. И покрај врнежите од дожд, квалитетот на воздухот што го дишеме и утрово е на незадоволително ниво. Во Струмица и Кичево и понатаму на сила се препораките и мерките против аерозагадувањето поради надминатиот праг на алармирање поради присуство на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар...

Контраспин: Спинувањето околу ЕУ стана константа на македонската политичка сцена

Двете главни политички партии во македонскиот блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не престануваат со спинување и сервирање полуинформации околу ЕУ перспективите на С. Македонија, особено по минатонеделните(14 и 15.12) заклучоци на Советот на ЕУ. Двата најнови спина се однесуваат на ЕУ перспективите на земјава доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и што значела изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел,...

Контраспин: Само поради Уставот нема преговори со ЕУ, а друго прашање е зошто не е сменет

Во моментов може да се детектира двоен спин околу резултатите од Советот на ЕУ, односно повторното „извисување“ на земјата да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Опозицијата, која одби да прифати да се промени Уставот, спинува кога тврди дека причината не била тоа, туку огромната корупција во власта. Власта, пак, кога оценува дека за сè е виновна опозицијата, спинува,...

Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас

Денеска можевме и ние да славиме, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани, порача македонскиот министер за надворешни работи денеска на својата Фејсбук страница, честитајќи го почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Украина и Молдавија. „Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и...

ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани ќе го блокира идниот буџет на Општина Карпош

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на општина Карпош. Ова денеска го најави Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош. Од партијата сметаат дека на овој начин ќе ги спречат сите обиди за носење на криминални детални урбанистички планови, кои...

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се откаже од учеството во техничката влада

И покрај бројните забелешки што ги упати изминативе денови кон премиерот Димитар Ковачевски и кон собранискиот спикер Талат Џафери како негов наследник, ВМРО-ДПМНЕ сепак навестува дека ќе учествува во техничката влада што треба да профункционира од 28 јануари 2024 година. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во вчерашното гостување на телевизија Сител како свој став го...

Контраспин: Спин е дека Пендаровски веќе требало да прати писмо до Ердоган во врска со Палевски

Пендаровски де факто може да прати порака до Ердоган од денеска – 12 декември, затоа што Турција дури вчера извести официјално дека го прифатиле барањето од Скопје за да започне постапка за екстрадиција и му одредиле на Палевски 40 дневен притвор, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Најголемата партија од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста во врска со интервјуто...

Ковачевски ja повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада, која треба да профункционира од 28 јануари 2024 година. Тој ја потсети опозициската партија дека учеството во техничката влада е законска обврска согласно Законот за влада и Изборниот законик и предупреди дека неучеството на опозицијата во техничката влада може да фрли дамка врз изборниот процес. „Од партијата ВМРО-ДПМНЕ треба...

Партиите не можат да се воздржат од политичка злоупотреба на убиствата на Палевски

Грозоморното грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски веќе неколку дена се користи од политичките партии за размена на обвинувања во однос на тоа кој обезбедувал заштита од прогон на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо. Во политичката злоупотреба на случајот со двојното убиство се чини дека предничи ВМРО-ДПМНЕ, која преку серија на соопштенија изнесе серија на обвинувања...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини за дезинформациите околу двојното убиство

Кратка анализа на јавната комуникација на двете главни политички партии од власта и опозицијата околу двојното убиство што ја потресе земјата, покажува разлики меѓу двете партии: СДСМ, сепак, делуваше поодговорно, додека ВМРО-ДПМНЕ – дури и ако се земе предвид легитимитетот на опозицијата да поставува прашања или предизборниот период – ја занемари одговорноста кон јавноста и придонесе наместо за смиреност,...

ВМРО-ДПМНЕ на 2 март на Конвенција ќе избере кандидат за претседател

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на Изборна Конвенција во Скопје на 2 март догодина ќе го избира кандидатот за претседател што ќе се натпреварува на претседателските избори. Ова е одлучено на вечерашниот Извршен комитет на партијата, информираа од ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов...

МВР контра Јанушев: Не е точно дека пред пет дена е пријавено убиството на Вања

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево се огласи со демант на наводите што ги изнесе Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој на партиска прес конференција денеска кажа дека „Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена!“ „МВР најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев...

В понеделник ќе има лидерска средба, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправија во колку часот да се одржи

Лидерска средба ќе се одржи в понеделник напладне, а на истата ќе биде повикан и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тема на разговор на лидерската средба ќе бидат изборите што претстојат, а за кои првичните информации се дека ќе се одржат на 8 мај 2024 година, како и измените во Изборниот законик. „Средбата ќе биде закажана за понеделник и ќе...

ВМРО, Левица и Зелен хуман град против изградбата на автобуско метро во Скопје

Тоталната блокада на главниот град продолжува и во однос на реализацијата на проектот за воведување алтернативен и висококапацитетен јавен превоз во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска со месеци претходно ја одложуваше реализацијата на автобуското метро - Бас рапид транзит, за пред неколку дена од Град Скопје да соопштат дека ги коригирале пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство. Но, реализацијата...

Да нема илузија кај партиите дека уставните измени може да се репреговараат за влез во ЕУ

Продолжување на преговорите за пристапување на С. Македонија во ЕУ, нема да има додека не се заврши процесот на уставни измени во Собранието на РСМ, односно додека политичките партии не постигнат консензус по ова прашање. Нашата земја најверојатно нема да биде точка на дневниот ред на лидерскиот самит на ЕУ во декември, посочуваат дипломатски кругови од Виена. Дипломатите од Виена...

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Фото: Борче Поповски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека финалните...

Во Белград македонска винска вечер, опозицијата вели ќе има космодром од неа

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа беше домаќин на Македонската вечер во рамките на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград. И додека на синоќешниот настан присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека ако власта и Ковачевски испијат уште едно вино може во Белград да...

Власта и опозицијата – „раштиман оркестар“ околу датумот за избори

Фото: Борче Поповски
СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ денеска сите поединечно коментираа околу датумот за одржување на парламентарните и претседателските избори наредната година. Секој влече на различна страна на оваа тема. Најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите, односно дека се подготвени во ист ден да се одржат претседателските и парламентарните избори, онака како што...

ЈСП ќе добие дополнителни субвенции, советниците на ВМРО-ДПМНЕ бесни

Со многу кавги и префрлувања помина денешната седница на Советот на Град Скопје, на кој на крајот беа усвоени дополнителните субвенции за ЈСП-Скопје во висина од 110 милиони денари. Со 24 советници коишто гласаа „ЗА“ и двајца против, Советот на Град Скопје попладнево ја донесe одлуката за субвенции. Од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници денеска присуствуваа на седницата и не гласаа за...

Контраспин: Главните наративи од СДСМ и ДПМНЕ за Извештајот на ЕК се спин

Првите, СДСМ, за да го намалат ефектот за лошите оценки во делот на владеење на правото и судството одат со наратив дека во 80 отсто од Извештајот имале напредок, сметајќи го за напредок секој пасус што зборува дека состојбата останала иста како лани. Вторите од ВМРО-ДПМНЕ, со наративот дека земјата добила историски најлош извештај, ги забораваат извештаите од 2014/2015...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...