fbpx

Сугарески: Лустрациска да се укине, а нејзиниот буџет да оди за настраданите од поплавите

-

Пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието денеска побараа укинување на Комисијата за верификација на факти, а парите од нејзиниот буџет, кој изнесува 317.000 евра, да им бидат дадени на погодените од поплавите.

– Според актуелниот закон, Комисијата по 1 септември нема да продолжи со процесот на лустрација, но таа ќе постои уште најмногу две години заради конечно завршување на предметите, кои треба да стигнат од Управниот суд и од Вишиот управен суд – рече денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

Тој нагласи дека Комисијата за верификација на факти пред осум години била формирана за да се отстранат од јавна функција и да им се оневозможи да дојдат на функција јавни лица кои биле соработници на тајните служби, но власта на ВМРО-ДПМНЕ ја претворила оваа институција во алатка за пресметка со политичките неистомисленици.

– Зошто ќе постои оваа комисија кога нема да работи? Самиот закон го следеа многу контроверзии и апсурди… На 1 септември целосно ќе се прекине овој циркус од лустрација што го направи мнозинството од Комисијата за верификација на факти. Ќе заврши мандатот на тие членови. Оваа комисија не може да заседава, нема никаква потреба овие лица да земаат плата и ништо да не работат – изјави Сугарески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...