fbpx

Судот му го продолжи куќниот притвор на Талески

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство и му го продолжил куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, за 30 дена, соопшти попладнево Кривичниот суд.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за продолжување на мерката за обезбедување присуство против В.Т., осомничен дека го сторил кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 5 во врска со став1, во врска со член 22 и со член 45 од Кривичниот законик, го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена. Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува Министерството за внатрешни работи, Секторот за внатрешни работи Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор, против него ќе се определи мерка притвор“, стои во соопштението од судот.

Градоначалникот Талески вчера беше на распит во СЈО поради тоа што тој и уште 22 лица се товарат за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“ што го води тимот на Јанева.

По завршувањето на распитот, Талески изјави дека станува збор за наметната постапка и дека врз основа на една снимка се правело политичка хајка против него.

Во врска со тендерите за училишниот превоз во Битола, Талески рече дека постапките биле транспарентни и оти тоа ќе го докажат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...