fbpx

Столтенберг: Историското решение за името го отвора патот на Македонија кон НАТО

-

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и повика тој да се финализира.

-Топло го поздравувам договорот помеѓу премиерот Ципрас и премиерот Заев за решение за спорот за името. Овој историски договор сведочи за многугодишна трпелива дипломатија и волја на двајцата лидери да решат спор кој предолго го засега целиот регион. Сега ги повикувам двете страни да го финализираат договорот постигнат од страна на лидерите. Ова ќе го стави Скопје на патот на членство во НАТО и ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан – вели Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...