fbpx

Стапи на сила Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот

-

Со објавата во Службен весник на Република Македонија стапи на сила владината одлука за преименувањето на автопатот од коридорот 10 и на скопскиот аеродром.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека наскоро ќе бидат променети 19 табли.

Одлуката за преименување на  автопатот и на аеродромот, што беше донесена на седница на Владата минатата недела, вчера беше објавена во ЈП „Службен весник“.

Сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, со одлука на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Година и половина претходно, исто така со одлука на владата на чие чело беше Никола Груевски, скопскиот аеродром Петровец беше именуван „Александар Велики“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...