Советот за безбедност на ОН ги осуди ракетните тестови на Северна Кореја


       
Њујорк, 8 март, 2017 - 10:57 (META) 

Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа ја осуди ракетната проба што ја изврши Северна Кореја, наведувајќи дека тоа претставува „сериозно кршење“ на резолуцијата за санкции.

Како што се наведува, Советот за безбедност на ОН ги осуди сите балистички активности на Северна Кореја, поради зголемените тензии во регионот.

Во соопштението се додава дека Советот за безбедност изразил загриженост за „дестабилизирачките“ активности на Северна Кореја, со кои се крши резолуцијата на тоа тело на ОН.

Советот за безбедност навел дека државите членки продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и да преземаат мерки.