Советот на честа реагира на барањата на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата МИА да го открие изворот


       
Скопје, 19 октомври, 2018 - 12:11 (META) 

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) остро реагира на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, државната агенција МИА да ги открие своите извори, во однос на текстот дека Европската народна партија (ЕПП) сака да ги исклучи од своите редови.

„СЕММ потсетува дека едно од основните права, а понекогаш дури и обврска на новинарот е да го заштити својот извор. Упатуваме на Членот 4 од Кодексот на новинарите на Македонија каде што стои: „Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.“ Македонија е потписник на сите релевантни резолуции на Советот на Европа за заштита на извори во рамките на слободата на медиумите. Улогата на политичките партии во една демократија во ниеден случај не смее да значи нивно мешање во работата на новинарите, а ваквите барања подразбираат отворен притисок и обиди за јавно дискредитирање на медиумот“, се вели во соопштенитео на СЕММ.

ВМРО-ДПМНЕ ова го побара откако претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, на прес-конференција рече дека ЕПП размислува партијата на Виктор Орбан да ја исклучи од своите редови, а ВМРО-ДПМНЕ не ги спомна. Тој имаше „твит“ за ВМРО-ДПМНЕ, во кој повика на конструктивност, наместо бојкот.

Македонската информативна агенција (МИА) појасни дека нивната дописничка од Брисел, имала свои извори во однос на текстот, кој тие го објавија за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од ЕПП, по што следуваше притисокот од страна на оваа партија за откривање на изворот.

„Твитот на Жозеф Дол во ниеден случај не може да се протолкува како демант на информациите објавени на МИА пред една недела, кои впрочем се проверени и снимени. Значи, станува збор за два сосема различни настани, наменети за две различни партии – Фидес, на Виктор Орбан и ВМРО-ДПМНЕ, но за иста тема. Што значи дека едната изјава не ја демантира другата. За двата настани, МИА располага со снимени изјави“, реагираа од МИА.