!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

СЈО истражува во МПМ


       
Скопје, 17 февруари, 2017 - 11:56 (META) 

Тим на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влегол во „Медиа принт Македонија“ (МПМ) дознава „Призма“. Целта на СЈО била да истражуваат дел од финансиското работење на оваа издавачка куќа, која под своја капа ги има весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, магазинот „Теа“ и интернет порталот „Телеграф“.

Сопственик на МПМ остана само поранешниот шеф на макдонската дипломатија и претседател на 66. Генерално собрание на ООН, Срѓан Керим, додека неговите партнери „Интернет груп“ од Србија и македонскиот бизнисмен Јордан Камчев веќе не се дел од сопственичката структура. Денеска, пак, новинарите од трите дневни весници на МПМ почнаа да штрајкуваат поради задоцнети плати.