!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

СДСМ: Учебната година почнува без притисок од екстерното тестирање


       
Скопје, 4 септември, 2017 - 9:47 (META) 

Учениците во основно и во средно образование првпат по неколку години ќе ја почнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес, се вели во утринското соопштение на владејачкиот СДСМ.

Во него се додава дека се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа, а ќе се ревидираат и сите спорни учебници.

„Покрај надминувањето на напластените проблеми, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство активно работат на унапредување на образованието, што поради погубните политки на власта на ВМРО-ДПМНЕ со години беше едно од најлошите во Европа. Преку ребалансот на буџетот за 2017 година, обезбедени се дополнителни 10 милиони денари за ученички стипендии и за школарини, како и нови 35 милиони денари за студентски стандард“, се додава во соопштението.